Четиринаесетгодишно дете вечера на ул.„Џон Кенеди” во Скопје било повредено при удар од патничко моторно возило „Сеат Ибица” со скопски регистарски ознаки кое го управувал А.Ѓ.(48).

МВР информира дека по незгодата, со возило на Итна медицинска помош детето било пренесено во Клиниката по хирушки болести „Св. Наум Охридски”, каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.