Во уредени држави и развиени општества, ревизорскиот извештај е нешто што има тежина и што беспоговорно се уважува и реализира. Во спротивно, се активираат сите механизми на одговорност, почнувајќи од самиот врв. Кога станува збор за европската практика, стандардот за исполнувањето на препораките на ревизорите е над 90 отсто. Во Македонија, се разбира, тоа не е случај. Уште полошо, повеќето од извештаите што ревизорите ги испратиле до Јавното обвинителство, кое можело да ги искористи за да поведе истрага, да оформи обвинение и да поткрепи одредени основани сомневања,
не биле искористени
Доколку до моментот на објавувањето на овој број ништо не се сменило, од денеска ќе нема кој да ги потпишува извештаите, годишните програми за работа и налозите за исплата на платите на вработените во Државниот завод за ревизија. Ништо страшно, ќе речат понеупатените. И така гласот не им се слушаше, ќе додадат дежурните критичари, но на просечно информираните и поумерените веќе им е јасно за што станува збор.
Имено, речиси две години Собранието не може да избере главен државен ревизор, иако на конкурсот што беше распишан кон крајот на 2017 година се пријавија 12 кандидати. Процесот заглави во собраниската комисија за избори и именувања. По истекот на мандатот на последната главна државна ревизорка Тања Таневска, со заводот раководи заменикот на државниот ревизор Насер Адеми, кому мандатот му истекува денеска. За целиот тој период, иако најчесто сложно ги распределуваа легачките позиции, политичките партии, демек, не можеле да се договорат околу изборот на личноста за челната позиција во органот, кој, покрај нивното, го контролира и целокупното финансиско работење на институциите на централно и на локално ниво во државава и што, доколку доследно и совесно се извршува, воопшто не е безопасна функција, како што на прв поглед, можеби, изгледа.
Државниот завод за ревизија, во правило, ја има клучната улога во јакнењето на ефективноста на јавниот сектор и во неговото насочување кон добро управување, транспарентност и одговорност. Тој е важен столб на демократскиот систем, бидејќи им овозможува на граѓаните увид во трошењето на јавните пари, а иако особено важен, во јавноста често се занемарува неговата улога во економскиот раст на државата. Конечно, тој може да се користи како доверлив и целосно независен извор на информации при справувањето со корупцијата и криминалот на највисокото ниво.
Тоа се точките околу кои секогаш и настанува проблем со Државниот завод за ревизија, поради што многумина сакаат да го претстават само како форма околу која и не треба многу да се дискутира. Но во уредени држави и развиени општества, ревизорскиот извештај е нешто што има тежина и што беспоговорно се уважува и реализира. Во спротивно, се активираат сите механизми на одговорност, почнувајќи од самиот врв. Кога станува збор за европската практика, стандардот за исполнувањето на препораките на ревизорите е над 90 отсто.
Во Македонија, се разбира, тоа не е случај. Уште полошо, повеќето од извештаите што ревизорите ги испратиле до Јавното обвинителство, кое можело да ги искористи за да поведе истрага, да оформи обвинение и да поткрепи одредени основани сомневања, не биле искористени.
Во изминативе години улогата на Државниот завод за ревизија константно беше маргинализирана, неговите наоди беа релативизирани, а укажувањата игнорирани. Или, во најдобар случај, беа користени само за вербална пресметка со политички неистомисленици. А и покрај јасните укажувања од Брисел дека капацитетот на заводот треба да се зајакне и неброените пари што Европската Унија ги даде токму за таа намена, партиите сега отидоа и чекор понатаму во обидот, со неверојатна низа на заплети, целосно да го блокираат работењето на овој орган. Токму во моментов кога ревизорите, наводно, биле повикани да влезат во она што останало од специјалното јавно обвинителство и кога се најавува темелна проверка на сите обвинителства и судови
Со тоа во изминативе години улогата на заводот константно беше маргинализирана, неговите наоди беа релативизирани, а укажувањата игнорирани. Или, во најдобар случај, беа користени само за вербална пресметка со политички неистомисленици. А и покрај јасните укажувања од Брисел дека капацитетот на заводот треба да се зајакне и неброените пари што Европската Унија ги даде токму за таа намена, партиите сега отидоа и чекор понатаму во обидот, со неверојатна низа на заплети, целосно да го блокираат работењето на овој орган. Токму во моментов кога ревизорите, наводно, биле повикани да влезат во она што останало од специјалното јавно обвинителство и кога се најавува темелна проверка на сите обвинителства и судови.
И самиот Гогољ, ако беше жив, ќе им завидуваше на ваквиот заплет. Неговата урнебесно сатирична драма, чија прва верзија беше објавена пред нецели два века, а го носи називот „Ревизор“, преку гротескен хумор, ја карикираше политичката корупција во Царска Русија и со секоја нејзина театарска изведба до солзи ги засмеваше масите и сериозно ги вознемируваше владејачките елити, независно од времето низ кое поминуваше и просторот што го допираше, потврдувајќи дека темата сѐ уште е жива. Само што во Македонија веќе одамна воопшто не е смешна како што ја претстави големиот руски реалист.