Технологијата за безжично полнење, позната и како магнетна индукција е релативно нова функција за напојување „Ајфон“ и популарни телефони „Андроид“. Иако повеќето луѓе не ја користат оваа технологија сепак има свои бенефиции и придобивки.
Со трендот на зголемување на големината на мобилните телефони се наметнува тренд за користење стакло при градење на телефонот. Телата на поновите паметни телефони се составени од стакло. Оваа актуелност не е од поширокиот заговор дека новите мобилни уреди се градат од стакло за полесно да се кршат и притоа корисниците мора да купат нов. Напротив користењето стакло како материјал овозможува безжично полнење кај телефоните. Технологијата се потпира на магнетна индукција, која вклучува користење електрична енергија за генерирање магнетно поле, создавајќи напон што го овластува телефонот без приклучување жица во неа. Стаклото претставува материјал низ кој полесно поминува енергијата и овозможува безжично полнење на мобилниот уред.
Многу луѓе се возбудени околу полнењето на своите телефони без жици. Една студија на „Сурвеј Монки“ откри дека безжичното полнење е најочекуваната и најбарана карактеристика кај корисниците на мобилни, иако според друго истражување на ИХС 29 отсто рекле дека би користеле безжично полнење. Причината за малиот одзив за користење ваков уред е затоа што безжичното полнење не е навистина безжично. За да се користи безжичното напојување потребни се додатоци. Има два типа безжични напојувања во форма на подлога и држач каде што можете да го поставите телефонот безжично да се полни. А сепак тие уреди се приклучени со кабли што водат до извор на енергија. Исто така додека се полни телефонот не може да го користиме затоа што ако е подалеку од системот за напојување нема да се полни, што не е случај со жиченото полнење. Дополнително отежнување е тоа што безжичното наполнување е 15 отсто побавно од жиченото.
Значи која е поентата на користењето на безжичното полнење?
Чарли Квонг, потпретседател за развој на производи за „Мофине“, рече дека поставувањето безжични полначи на места каде што луѓето поминуваат многу време – како нивната спална соба, автомобил и канцеларија, би им се овозможило пофреквентно полнење на телефоните.
– Кога сакаме да дремнеме попладне можеме само да го оставиме телефонот на уредот, а не да се разбудиме и да се обидеме да го приклучиме со кабел. Едноставно навистина е погодно – вели Квонг.
Квонг при испитување на практичноста на технологијата поставил неколку полначи на клучни места што ги користел во неговата дневна рутина. Во неговата спална, кола, на работа маса и во дневната соба. Најголема корист добил од полначот во спалната и таму најчесто го користи. Безжичниот држач му овозможил поголема прегледност отколку безжичната подлога. Со држачот го претворил мобилниот во часовник со аларм на кој се гледа во темнина и со еден потег може да се исклучи алармот.
Безжична табла за полнење или држач, исто така, може да се стави на канцелариско биро. Идејата е брзо да го поставите телефонот на безжичното полнење и да се вратите на работата без да ја прекинете или да барате кабел за полнење. Но, доколку го користите телефонот на работа тогаш ваквиот начин на полнење е помалку продуктивен. Во дневната соба можете да поставите држач за полнење во близината на комодата за гостите да ги дополнуваат своите телефони кога ќе дојдат. Тоа не изгледа само практично и гостопримливо туку исто така изгледа естетски убаво кога не гледате како висат жици од сите страни. Затоа доколку не сакате да имате проблеми со кабли добар избор за вас е ваквиот безжичен уред.