Промовирани две обновени изданија на Лилјана Дирјан

„Тешка свила“ и „Снег за двајца“ на Лилјана Дирјан, две книги од познатата авторка, кои се постхумно обновени од издавачката куќа „Антолог“, завчеравечер беа промовирани во Скопје. „Тешка свила“ е поетска збирка, поделена во три целини, која дава слика за индивидуалното поетско доживување и сеќавања на некои минати времиња „Снег за двајца“ е прозно дело напишано во форма на дневник меѓу...

Гутереш: Заев и Ципрас склучија историски договор

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш преку Твитер го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, нарекувајќи го историски. - Срдечно им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната улога за историскиот договор потпишан вчера во Преспа. Ги охрабрувам двете влади да ја продолжат нивната силна заложба за ратификација и спроведување на договорот. ОН се обврзуваат да ги...

„Отаде црнилото“

Обид да се проникне подалеку од она што го гледаме, зад црнилото и многу повеќе од тоа... Музејот на современа уметност во Скопје ја отвори самостојната изложба на младиот проминентен ликовен уметник Велимир Жерновски, со мултимедијалниот проект насловен „Отаде црнилото“, курирана од истакнатата ликовна критичарка Љиљана Неделковска. Изложбата ќе трае сѐ до 1 јули. Проектот на Жерновски претставува еден своевиден палимпсест,...

Обвинителството ги расветлува насилствата пред Собранието

Министерството за внатрешни работи за време на вчерашните протсети пред Собранието лишило од слобода 26 лица, од кои пет малолетници. По утврдување на идентитетот и возраста на лицата, малолетниците согласно Законот за правда на децата се пуштени на слобода. Ова им било соопштение на претставници од Основното јавно обвинителство Скопје утринава на работниот состанок со претставници од Министерството за внатрешни...

Ромео и Јулија во седум осмини

Балетот „Лабин и Дојрана“ одамна не се изведува, но оркестарските свити од него го живеат својот живот во концертните сали Диригентот и композитор Трајко Прокопиев (Куманово 1909 - Белград 1979) е еден од основоположниците на македонската национална музика, првиот директор на Музичкото училиште во Скопје, долгогодишен директор на „Танец“, основач на воениот хор, еден од основачите на Македонската филхармонија. Автор...

Коѕијас: Оние кои протестираат ги пречекуваат соседите како муштерии

Договор без компромис има само во време на војна, со соседната земја не сме во војна, пријатели сме, истите оние што сега протестираат во Грција, ги пречекуваат соседите како клиенти и муштерии и тогаш не им пречат, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Алфа989“. Коѕијас објасни дека „половина од населението од соседната земја, секое...

„Клетници“ најдобра на 53-от МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставатa на прилепскиот театар во режија на Мартин Кочовски освои четири награди Претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Mартин Кочовски, во изведба на ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во истиот град, на одржаното 53-то издание на истоимениот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, освои четири награди. Освен наградата за уметничко остварување на претставата во целина, од истата...

ХК: Демонстрантите извршија насилни дејствија, а полицијата прекумерно употреби хемиски средства

Граѓаните кои беа дел од вчерашниот протест пред Собранието на РМ извршија насилни дејствија насочени кон полициските службеници, а полицијата, пак, прекумерно употреби хемиски средства кон демонстрантите, оцени денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, кој најостро ги осудува синоќешните инциденти. Од Хелсиншкиот комитет го осудуваат говорот на омраза и повикувањето на насилство и ги повикуваат органите на...

Економската дипломатија носи подобра иднина за Западен Балкан

Црна Гора ќе продолжи да ѝ дава силна поддршка на Македонија на патот на евроатлантските интеграции и во промоцијата на новиот импулс за унапредување на економската соработка на Балканот, вели амбасадорот Предраг Митровиќ Односите меѓу Црна Гора и Македонија секогаш биле пример на добра билатерална соработка. Двете земји никогаш немале отворени политички прашања и континуирано работат на облагородување на меѓусебните...

Пежо со промотивна акција за „системот за сопирање“

Еден од најважните елементи за правилно и безбедно функционирање на вашиот автомобил е секако системот за сопирање. Редовната проверка и замената на деловите кои се вклучени во системот за сопирање ќе ви помогне за уште поголемо уживање во патувањето и помирни и безбедни денови поминати со вашето возило. Компанијата Еуроимпекс, повторно спроведува сервисна кампања во траење од 10 јуни до 10 јули 2018...