Мексико: Разделувањето на деца од родителите мигранти е нехумано

Министерот за надворешни работи на Мексико Луис Видегарај изјави денеска дека разделувањето на децата на мигрантите од нивните родители на граница со САД е „сурово и нехумано“ постапување и го повика Вашингтон да ја преиспита својата политика. Видегарај на прес-конференција рече дека мексиканската влада јасно и го ставила до знаење својот став по тоа прашање на американската страна. Мексиканската влада за...

Ристовски потпиша за Бенфика

Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристовски, кој последните две сезони играше во Барселона, потпиша договор со екипата Бенфика и ќе биде голман на тимот од Лисабон. Според португалските медиуми, тој ќе потпише едногодишен договор. - Доаѓам тука со надеж дека ќе му помогнам на клубот да освои повеќе титули. Бенфика е голем клуб, ми се допадна презентираниот проект. Ги гледав натпреварите...

Русија и Саудиска Арабија бараат од ОПЕК да произведува повеќе нафта

Русија и Саудиска Арабија вршат притисок врз ОПЕК за значително да се зголеми производството на нафта во јули, за да се надомести недостигот на нафта на пазарот предизвикан од намаленото производство во Венецуела и Либија. Сепак, Иран и други производители на нафта, се спротиставуваат на барањата на Русите и Саудијците. - ПОбарувачката за нафта вообичаено забрзано расте во третиот квартал од...

Демонстрантите порачаа дека нема да се откажат од протестите

Граѓани и вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на уставното име на државата. Вечерашниот протест помина во мирна атмосфера и без инциденти. Протестот почна во 20 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а истовремено припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот. Учесниците на протестот извикуваа оставка, го...

Градежната индустрија во САД руши рекорди, но паѓа бројот на барања за нови градби

Бројот на новозапочнати градби во САД порасна за 5 проценти во текот на мај и достигна 1,35 милиони, што укажува дека градежната индустрија, како клучна економска гранка во САД, е во исклучително добра состојба. Аналитичарите се единствено загрижени поради падот на поднесените барања за изградба на нови куќи и станбени згради од 4,6 проценти. Бројот на барањата за изградба на...

Распишан конкурсот за финансирање проекти за „Нов културен бран“

Министерството за култура го распиша конкурсот за финансирање проекти за манифестацијата „Нов културен бран“ во 2018 година. Како што соопшти денеска, к онкурсот ќе трае до 18 јули 2018 година, а п раво на учество имаат здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата. - Поради определбата за отвореност кон граѓанскиот сектор, интенцијата е да се поттикне...

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на ОН?

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува денеска да објави дека се повлекува од Советот за човекови права на ОН, што ќе биде најново повлекување на САД од некоја меѓународна институција. Американскиот државен секретар Мајкл Помпео и американската амбасадорка во ОН Ники Хејли заедно во Стејт департментот ќе ја соопштат одлуката за повлекување од главното тело на светската...

Трамп не му се јавува на Ким Јонг-ун?

Претседателот на САД Доналд Трамп не го исполни ветувањето во неделата да му се јави телефонски на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.  Извори на медиумот од администрацијата на претседателот не кажаа која е причината што телефонскиот разговор не бил остварен. На 15 јуни на средба со новинарите Трамп изјави...

Заев: Граѓаните на крајот ќе одлучат

Верувам дека нашиот народ ќе донесе мудра одлука. Јас сум политичар кој им служи на граѓаните. Направив договор, не беше лесно да не се постигне. Преговарале многу претходно пред мене, ако било лесно ќе направеле договор. Тешко беше, но сега имаат шанса граѓаните, ќе се изјаснат дефинитивно на референдум. Јас сум убеден дека огромно мнозинство ќе ги поддржи овие...

Ред Бул се раздели со Рено по 12 години

Ред Бул потпиша двегодишен договор со Хонда и ќе ги користи своите мотори од следната сезона во Формула 1. - Договорот со Хонда е почеток на ново поглавје за Ред Бул, кој има највисоки цели во Ф1 - освојување на титулата, изјави лидерот на тимот, Кристијан Хорнер. На овој начин, Ред Бул завршува 12-годишна соработка со Рено, при што постигна 57...