Маск тврди дека производството на „Тесла“ е саботирано
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск во писмо распространето до вработените на компанијата вели дека неименуван човек, кој работи во компанијата, ги саботирал нејзините операции. Ова, наводно, се правело со менување на кодот на оперативниот систем за производство и испраќање важни информации на трети компании.
„Тесла“ одби да даде официјален коментар. Во писмото на Маск, до кое дошле неколку медиуми...
Податоците ги негираат тврдењата на Трамп за криминалот во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека криминалот во Германија расте поради мигрантската политика на Берлин и ги оспори официјалните податоци, кои го говорат спротивното.
Трамп денеска на Твитер повторно напиша дека „криминалот во Германија порасна за повеќе од 10 проценти (одговорните лица не сакаат да ги пребројат овие кривични дела), поради прифаќање мигранти ".
- Во други држави е уште полошо,...
Димитров: Успеавме да го зачуваме идентитетот на македонскиот народ
Договорот за името со Грција е компромис, со кој и ние и нашите грчки пријатели настојувавме низ сите овие месеци да го зачуваме тоа што ни е најбитно. Ние од наша страна се обидувавме и успеавме да го зачуваме идентитетот и сите атрибути на македонскиот народ, а Грција се обидуваше да добие дистинкција меѓу Македонија - државата и Македонија...
Меркел и Макрон се согласија за буџет за Еврозоната
Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, постигнаа согласност за една од точките на разговор на следниот европски Самит: буџетот на Еврозоната.
Меркел, која долго беше резервирана кон оваа идеја, денеска по средбата со нејзиниот француски колега, за кого ова беше едно од главните барања, прифати да се создаде заеднички буџет за 19-те земји членки на Еврозоната (ЕЗ).
Ова...
Османи: Поддршката од Норвешка ја очекувам за време на преговорите со Унијата
Република Македонија има долгогодишна успешна соработка со агенциите на ОН и отворањето на Канцеларија на УНОПС во Скопје е добар сигнал за натамошно проширување на оваа соработка порача вицепремеирот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба во Скопје со генералниот потсекретар на Обединетите нации и извршен директор на УНОПС, Грете Фаремо и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес...
Мундијал под маски
Љубителите на фудбалот на Светското првенство во Русија привлекуваат внимание со интересниот изглед во знакот на симболите и на боите на националните селекции, односно со изборот на костимите и на навивачките реквизити при давањето на поддршка на учесниците на Мундијалот.
Брнабиќ: Признавањето на Косово не би бил компромис
Србија никогаш нема да ја признае косовската независност, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и истакна дека тоа не би бил компромис за кој се залага Белград, а кој не би бил можен кога Србија и понатаму би инсистирала на тоа дека Косово е нејзин составен дел.
Во интервју за Велт, таа додава дека „односите со Приштина за нас Србите се...
Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија
На денешната 75-та владина седница министрите ја усвоија информацијата за предлог - договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“.
Како што информира владината прес-служба, станува збор за нова инвестиција во Република Македонија, која изнесува четири милиони евра. Според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет...
Комисијата за европски прашања го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за името
Министерот за надворешни работи Никола Димитров еден час зборуваше за процесот за решавање на спорот со името образложувајќи го постигнатиот договор со Грција речиси член по член пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања, која го усвои Предлог-законот за ратификација на договорот.
Во своето обраќање, кое на моменти имаше и лични призвуци поради долгогодишната вклученост во процесот, Димитров кажа...
Унгарија воведува специјален имиграциски данок за хуманитарците
Унгарското Министерство за финансии соопшти денеска дека хуманитарните групи, што ја поддржуваат имиграцијата мора да платат посебен данок од 25 отсто.
Министерството објасни дека „специјалниот имигрантски данок“ е неопходен затоа што одбраната од илегалната имиграција претставува дополнително оптоварување на буџетот на Унгарија.
Уште не е познато како ќе се наплатува тој нов данок.








































