Шкупи доби најатрактивен ривал во квалификациите за Лига Европа

Вардар ќе се сретне со ерменски Пјуник, Работнички со унгарски Хонвед, а Шкупи со шкотскиот Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за фудбалската Лига Европа.  Шкупи ќе биде домаќин на Ренџерс, чиј менаџер е поранешниот славен англиски репрезентативец Стивен Џерард, во реваншот, додека во првиот меч ќе гостува во Глазгов.  Ова е резултат од денешната ждрепка за двојките која беше влечена...

Нема повеќе домашни задачи за учениците во Турција

Турските наставници повеќе нема да им даваат домашни задачи на учениците, а материјалот ќе се учи на час, изјави турскиот министер за образование Исмет Јилмаз, истакнувајќи дека старите практики немаат место во новиот начин на учење. - Од сега натаму, ниеден наставник нема да дава домашна работа на учениците. Сакаме нашите ученици да се фокусираат повеќе на час и материјалот...

Војна на хартиените змејови – детската играчка стана оружје во Појасот Газа

Веројатно никој не би претпоставил дека хартиените змејови можат да ја збунат моќната израелска армија, но популарните детски играчки создаваат проблеми за Израелците, по нивната употреба во пресметките во Појасот Газа од март, пишува „Лос Анџелес тајмс“. Хартиените змејови за кои најчесто се закачени крпи или други предмети кои горат, носени од ветрот, предизвикаа пожари и уништија 7.140 ари на...

Заев: Ова е историски чин со која Македонија и граѓаните добиваат шанса

Договорот го означува почетокот на крајот на неизвесноста за Македонија и преставува достоинствено и прифатливо решение за двете страни, со кое засекогаш се потврдува македонскиот идентитет и јазик, истакна премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната собраниска седница на која треба биде ратификуван договорот со Грција. - Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик,...

Се формираат американски вселенски сили

Претседателот на САД, Доналд Трамп, обелодени дека ќе нареди формирање нов род на армијата, кој би требало да го поплочи патот кон американска доминација на вселената. - Не е доволно да постои само американско присуство во вселената. Мораме да имаме американска доминација во вселената. Имаме воздухопловни сили, а ќе имаме и вселенски сили. Тие ќе бидат различни, но еднакви -...

Откажани вежбите на САД со Јужна Кореја

Пентагон официјално ги откажа големите воени вежби на САД со Јужна Кореја закажани за август, спроведувајќи ја мерката што веќе ја најави американскиот претседател Доналд Трамп по минатонеделниот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун. Трамп во Сингапур рече дека САД ги суспендираат „воените игри“ со Јужна Кореја зашто САД ги „чинат многу пари“ и бидејќи се „многу провокативни“ за...

Тачи: Време е за историски договор со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи, во пресрет на средбата со неговиот српски колега Александар Вучиќ, што ќе се одржи в недела во Брисел, изјави дека таа е мошне значајна, бидејќи претставува финална фаза пред постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за помирување на двата народи. Тачи на прес-конференција во Приштина изјави дека за нормализација на односите меѓу двете земји се заинтересирани...

Ким Јонг-ун во посета на Кина

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е во дводневна посета на Кина, каде што се претпоставува дека со кинеското раководство ќе разговара за понатамошните чекори по минатонеделниот самит со претседателот на САД, Доналд Трамп. Ова е трета посета на Ким на Кина за три месеци. Во март неговата прва посета во странство откако дојде на власт во 2011 година беше токму на...

Старбакс затвора 150 локали ширум светот

Познатиот синџир на кафетерии Старбакс затвора 150 локали ширум светот. Тоа е последица на објавата на лоши деловни резултати во првиот квартал оваа година, поради што вредноста на акциите на Старбакс падна за пет отсто за само неколку часа. Локалите отворени пред нешто повеќе од една година, требаше да имаат раст на профитот од околу 2,9 отсто, но оствариле раст од...

Трамп најавува нови царини за кинеските производи

Трговската војна помеѓу САД и Кина се разгоре, при што американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни царини врз нови кинески производи во вредност од 200 милијарди долари Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни царини врз нови кинески производи во вредност од 200 милијарди долари, со што само ја разгоре трговската војна меѓу...