Вишеградска група: Македонија да ги почне преговорите со ЕУ
Очекуваме добри вести идната недела, Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Ќе помогнеме колку што можеме зашто земјата треба да стане полноправен член што поскоро, а договорот со Грција е само дополнителен, силен поттик во оваа насока.
Ова денеска го изјавија амбасадорите на Унгарија и на Словачка, Ласло Дукс и Хенрик Маркуш, на прес-конференцијата по повод примопредавањето на претседателството...
Бошњаковски: Време е политичките субјекти да покажат одговорност
Време е сите политички институции во Македонија, вклучително и претседателот Иванов, да покажат елементарна политичка одговорност за моментот во кој се наоѓа Република Македонија.
Ова денеска го изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со денешната писмена изјава на претседателот Ѓорге Иванов дека неговиот став за договорот за името останува непроменет и повикот до премиерот Зоран Заев веднаш да поведе...
Бегалските рути блокирани и за новинарите
По повод Светскиот ден на бегалците, организација Репортери без граници предупреди дека властите користат разни методи за да го опструираат медиумското известување за мигрантската криза као што се закани, заплашувања, апсења, прогон, неиздавање дозволи, одбивање барања за интервјуа, одземање опрема и депортација.
- На нашите општества не смее да им се ускрати известувањето за мигрантската криза која сега е во...
Гимназиското столче сѐ уште повеќе се бара од стручното
Заврши првиот уписен рок во училиштата за средно образование во државата. Традиционално, и годинава, по вториот уписен ден, интересот кај деветтоодделенците е поголем за гимназиите и за средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ наспроти другите средни стручни училишта.
Редици од деветтоодделенци со нивните родители можеше да се забележат во скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“, каде што секоја година се исполнува бројот на...
СЈО презентира материјални докази на судењето за „Тендери“
Денешото рочиште за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“ почна со изведување материјални докази од страна на обвинителите од СЈО.
Обвинителот од СЈО, Стевчо Донев почна да ги презентира материјалните докази по барање...
„Стрежево“ подготвено за наводнување
Да се пишува за системот за наводнување „Стрежево“ во Битола, во моментот кога поради поројните дождови Пелагонија и нивите во Битолско буквално се дават во вода, а земјоделците ги проценуваат штетите што ги претрпеа од поплавите, некои ќе речат дека е промашена тема. Но вработените во „Стрежево“ не мислат така, а и најголемиот број земјоделци од Битолско, кои, како...
Шкупи доби најатрактивен ривал во квалификациите за Лига Европа
Вардар ќе се сретне со ерменски Пјуник, Работнички со унгарски Хонвед, а Шкупи со шкотскиот Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за фудбалската Лига Европа.
Шкупи ќе биде домаќин на Ренџерс, чиј менаџер е поранешниот славен англиски репрезентативец Стивен Џерард, во реваншот, додека во првиот меч ќе гостува во Глазгов.
Ова е резултат од денешната ждрепка за двојките која беше влечена...
Нема повеќе домашни задачи за учениците во Турција
Турските наставници повеќе нема да им даваат домашни задачи на учениците, а материјалот ќе се учи на час, изјави турскиот министер за образование Исмет Јилмаз, истакнувајќи дека старите практики немаат место во новиот начин на учење.
- Од сега натаму, ниеден наставник нема да дава домашна работа на учениците. Сакаме нашите ученици да се фокусираат повеќе на час и материјалот...
Војна на хартиените змејови – детската играчка стана оружје во Појасот Газа
Веројатно никој не би претпоставил дека хартиените змејови можат да ја збунат моќната израелска армија, но популарните детски играчки создаваат проблеми за Израелците, по нивната употреба во пресметките во Појасот Газа од март, пишува „Лос Анџелес тајмс“.
Хартиените змејови за кои најчесто се закачени крпи или други предмети кои горат, носени од ветрот, предизвикаа пожари и уништија 7.140 ари на...
Заев: Ова е историски чин со која Македонија и граѓаните добиваат шанса
Договорот го означува почетокот на крајот на неизвесноста за Македонија и преставува достоинствено и прифатливо решение за двете страни, со кое засекогаш се потврдува македонскиот идентитет и јазик, истакна премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната собраниска седница на која треба биде ратификуван договорот со Грција.
- Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик,...







































