Договорот ратификуван, Грција на потег
Договорот за решавање на спорот со Грција за името е ратификуван во македонското Собрание, а македонското Министерство за надворешни работи веќе го извести грчкото МНР за ратификацијата, по што Грција треба да го извести Европскиот совет дека се остранети препреките за намошната интеграција на земјава во Европската унија.
Собранието вчера го усвои законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање...
Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната...
Најавена нова инвестиција од 7 милиони евра
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска ја посетија Технолошко-индустриската развојна зона Тетово. За време на посетата тие одржаа средба со менаџментот на компанијата Нормак која ја менаџира зоната во Тетово и ја посетија компанијата Леар Корпорејшн.
Вицепремиерот Анѓушев при оваа посета го изрази задоволството за тоа како се...
Министерот Адеми присуствуваше на отворањето на „Моето перо”
Министерот за култура Асаф Адеми вечерва присуствуваше на манифестацијата "Пена име - Моето перо - Mu pen", организирана од Клубот на писателите Јехона е Карадакут - Куманово со мотото „My way“.
- Како министер на Министерството за култура би сакал да ја покажам мојата подготвеност и на вработените во Министерството да му помогнеме на овој културен настан, а да ги...
ОЈО Велес ги истражува причините за пожарот во кој животот го загубија три деца
Родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која денеска животот го загубија три малолетни деца, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес го заврши увидот на лице место каде попладнево избувна пожар во...
Трамп потпиша указ за прекинување на практиката за разделување на деца мигранти од родители
Американскиот претседател денеска потпиша указ со кој стави крај на практиката на разделување на деца-мигранти од нивните родители, кои нелегално влегле во САД.
- Не ми се допаѓа да гледам како се разделуваат семејствата- рече Трамп на церемонијата на потпишувањето на нормативниот акт. Во исто време, тој истакна дека здравата стража на јужната граница на САД со Мексико останува приоритет...
Спасовски: Никој кој нападнал институција или полицаец нема да биде амнестиран
Никој кој нападнал полицаец или витална институција нема да биде амнестиран туку ќе биде приведен. Се подготвува пријавата и за лидерот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за 1ТВ.
- Приведовме 26 лица од кои се идентификувани во масата 12 лица. Материјалите се предадени во јавно обвинителство, денеска цел ден...
„Црна листа“ со која се забранува влез на латвиски државјани во Русија
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека и испратило на Латвија листа со латвиски државјани, на кои им е забрането да влезат во Русија поради „русофобските" ставови, како и за повиците за заострување на санкциите против Русија и за „зачувување на практиката за дискриминација во руското говорно малцинство" во Латвија.
Руската „црна листа" е одговор на слична латвиска листа со...
Ердоган: Турција прими четири милиони бегалци, ЕУ не го испочитува ветувањето
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во текот на историјата, Турција, без никаква дискриминација, ги прифаќала и ги поддржувала сите загрозени народи.
Ердоган испрати порака по повод Светскиот ден на бегалците, во која истакна дека секојдневно се случуваат различни трагедии во Медитеранот и дека Турција покажала хуманитарно и морално однесување кон кризата што ги погоди Сирија и Ирак.
Критикувајќи го...
Трамп: Ќе потпишам указ кој ќе го реши проблемот со раздвојување на семејствата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе потпише указ за ставање крај на практиката на одвојување на децата-мигранти од нивните родители, кои илегално влегле во САД.
Засега не е јасно што точно ќе потпише Трамп, кој претходно за одвојувањето на децата од нивните родители, ги обвини демократите.
Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, Трамп изрази надеж дека неговата мерка...







































