СП 2018: Судија го сакал дресот на Роналдо
Американскиот судија Мајк Гергер кој ја делеше правдата на вчерашниот натпревар од СП меѓу Португалија и Мароко сакал да го добие дресот на Кристијано Роналдо.
- Слушнав од Пепе дека судијата го сака дресот на Роналдо. Мислам дека вакви работи на еден Мундијал се неверојатни. Очигледно е дека арбитерот беше импресиониран од Кристијано. Сепак треба да знае дека ова е...
На децата на мигрантите во САД принудно им се даваат психотропни супстанци
На децата на мигрантите во центрите за прием рутински и под присила им се даваат повеќе психотропни супстанции за да ја потиснат нивната траума што се затворени, а во некои случаи и одделени од нивните родители.
Ова стои во жалба на организацијата за заштита на човекови права Центар за човекови права и уставно право во Лос Анџелес поднесена во американски...
Социјална заштита лани користеле 14.758 малолетни и 43.040 возрасни лица
Социјална заштита минатата година користеле 14 758 малолетници и 43 040 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаат услугите на социјална работа, кои изнесуваат 49.5 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаат услугите за социјална заштита, 84.9 %.
Во 2017 година, 26...
Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ гостува во Бугарија
Tеатарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес вечер ќе настапи во Драмскиот театар во Трговиште, Бугарија, со комедијата „Вдовицата се мажи“ според едночинката „Мечка“ на Антон П. Чехов од 1888 година, во режија и адаптација на Младен Крстевски.
„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа,...
Изложба „Поместени граници“ во МКЦ
Изложба насловена „Поместени граници“ ќе биде отворена вечер во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.
- Граница е нешто што сугерира на статичност и постојаност, додека поместување наговестува неминовно движење, можеби, но не и со сигурност конфликтно, во секој случај поместување од динамичка природа. Идејата за бришење на линијата која современиот ликовен медиум го дели од класичната ликовна уметност,...
„Скопско лето“ почнува со концерт на музичари од Израел
Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“, вечер од 20.30 часот во Македонската филхармонија ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето“.
Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира нејзиното гостување со поддршка од Амбасадата на Израел во Македонија, а со со концертот ќе бидат одбележани 70 години независност на Израел.
Дадо Дганит, која на...
Почнува летото, најавено посвежо време
Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.
Во Македонија летото ќе почне во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.
Според прогнозата...
Договорот ратификуван, Грција на потег
Договорот за решавање на спорот со Грција за името е ратификуван во македонското Собрание, а македонското Министерство за надворешни работи веќе го извести грчкото МНР за ратификацијата, по што Грција треба да го извести Европскиот совет дека се остранети препреките за намошната интеграција на земјава во Европската унија.
Собранието вчера го усвои законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање...
Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната...
Најавена нова инвестиција од 7 милиони евра
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска ја посетија Технолошко-индустриската развојна зона Тетово. За време на посетата тие одржаа средба со менаџментот на компанијата Нормак која ја менаџира зоната во Тетово и ја посетија компанијата Леар Корпорејшн.
Вицепремиерот Анѓушев при оваа посета го изрази задоволството за тоа како се...








































