ЈСП Скопје: Средношколските билети не важат за време на распустот
Од вчера (20 јуни, среда), поради летниот распуст, не важат бесплатните средношколски билети и тие се исклучени од интегрираниот тарифен систем, соопшти денеска ЈСП Скопје.
ЈСП Скопје нуди можност средношколците по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари.
Комората прерасна во успешна асоцијација
Комората на РМ за приватно обезбедување е основана на 21.6.2000 година, а денес ја слави својата зрелост во заштитата и унапредувањето на стручноста, професионалноста, деловноста и заштитата на професијата
Верица Милеска Стефановска, претседателка на Комората на РМ за приватно обезбедување
Какви овластувања има Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и од каде ги црпи?
Комората на РМ за приватно обезбедување има...
Македонците немаат пари ниту за еднонеделни патувања
Само 31,3 отсто од домаќинствата имале можност да отпатуваат една недела на годишен одмор, додека во ЕУ ситуацијата е сосема спротивна. Таму 32,9 отсто од населението не можат да си дозволат еднонеделен одмор
Помалку од една третина македонски граѓани можат да си дозволат еднаш годишно да заминат некаде на патување, што е податок особено интересен во екот на сезоната на...
Пороен дожд, град и грмежи попладне и утре
Во текот на попладневните и вечерните часови, како и во текот на утрешниот ден, повторно се најавуваат поројни врнежи од дожд, на места и обилни со грмежи и можна појава на град.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кај поголемите водотеци не се очекуваат појави на излевање на водата, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните...
ПССЕ: На граѓаните да им се овозможи да се изјаснат на референдум
Во знакот на договорот за името помина дводневната посета на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на Македонија Лизе Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилетчи од Молдавија, кои на средбите со претставниците на политичките партии и други институции разговарале и за реформите во земјата.
- Претседателот на ПССЕ и генералниот секретар го поздравија договорот за името. Станува...
Македонските мировници и под знамето на НАТО и под „Сините шлемови“
Иако генерално поентите на мисиите предводени од НАТО и од ООН се на иста линија, а тоа е воспоставување мир на одредени подрачја, тие во суштина се сосема различни
Се чини дека Македонија од ден на ден сѐ поактивно учествува во меѓународните мировни операции предводени и од НАТО и од Обединетите нации. Доказ за оваа констатација е неодамнешната седница на...
Писмо од безимената земја
Драг мој Ги Верхофстад! Ти пишувам од една килава земја, за која твојот сонародник Ван Хауте рече дека нема европски менталитет. Е, ама, и покрај фактот дека сме килави и немаме европски менталитет, ние тука сме пет прста отворени и умираме по таа твоја Европска Унија, за која ти толку убаво пишуваш во својата колумна. Не само што сме...
Зошто „Америка на прво место“ значи „обединета Европа“
Еден од клучните аргументи како поддршка за повлекувањето на Велика Британија од ЕУ е дека државата ќе може да преговара за подобри трговски договори со другите држави, па дури и со Европа, ако е посебна. Според поддржувачите на брегзит, како што е британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, поради тоа што меѓу членките на ЕУ владеат големи поделби...
ЕУ сака мигрантски центри надвор од Унијата?
Лидерите на ЕУ разгледуваат планови за испраќање на мигрантите пресретнати во Средоземно Море во мигрантски центри надвор од територијата на Унијата. Овие центри би биле користени за раздвојување на економските мигранти од лицата на кои им е потребна меѓународни заштита, бидејќи доаѓаат од конфликтни зони, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).
Предлогот за отворање на ваквите мигрантски центри надвор од територијата на...
Османи: Преговорите со ЕУ имплицираат длабока трансформација на општеството
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денска во просториите на Секретаријатот за европски прашања се сретна со вишиот заменик-генерален директор на одделот за Блискиот Исток и Европа во рамките на Јапонската агенција за меѓународна соработка, Чи Миуахара.
Од Кабинетот на вицепремиерот информираа дека Миуахара го информирала Османи за приоритетните области на соработка во рамките на новата јапонска...








































