СП 2018: Швајцарија ја совлада Србија

Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија. Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата. Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута...

Ѓоковиќ влезе во клубот 800

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада со 2:0 во сетови францускиот тенисер Адријан Манарино и обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 во Квинс, Лондон. Ѓоковиќ без изгубен сет за точно 79 минути игра ја оствари 800-та победа во кариерата и стана десетиот играч во АТП историјата со најмалку толкав број на победи. Доколку српскиот тенисер го...

Заврши втората смена од годинешниот Летен камп по веронаука

Во македонското древно светилиште, Бигорскиот манастор и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, денеска заврши втората смена од годинешниот Летен капм по веронаука. - Со молитва и дружба, послушанија и забава, помина и вториот летен камп по веронаука во нашите свештени обители Бигорски и Рајчица. Децата имаа можност пет дена, преку разни активности и часови по...

Протест против Договорот за името во центарот на Скопје

Помала група граѓани и вечерва одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името. Тие ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси. Повторија дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран.  Ана Бобинкова Мијаковска од Граѓанската иницијатива „Подем“ рече дека...

Изложба на Игор Аврамоски во Кичево

Вечерва во уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, со своја самостојна изложба на фотографии со работен наслов „Пустелија“ се претстави Игор Аврамоски. Тој пред присутните љубители на убавата уметност од родниот град се претстави со 18 фотографии од голем формат изработени во последните 12 месеци, а како инспирација му послужиле детали од македонските планини. Инаку ова е четврта самостојна изложба...

Трамп ги продолжи санкциите кон Северна Кореја

Претседателот на САД Доналд Трамп одлучи да ги и продолжи санкциите на Северна Кореја за уште една година.  Американскиот претседател вчера говореше дека Пјонгјанг презема чекори кон денуклеаризација, што би значело чекор кон ублажување на рестриктивните мерки. Трамп се одлучи за санкции, како дел од својата агенда „максимален притисок" на Северна Кореја со објаснување за „необични и несекојдневни" нуклеарни закани. Официјалната...

Асад: Преговорите со САД би биле губење време

Сирискиот претседател Башар ал- Асад денеска изјави дека преговорите меѓу САД и Сирија во овој момент би биле губење време, бидејќи нема да доведат до резултати.  - Не е дека не сакаме да разговараме со Американците затоа што се Американци. Подготвени сме да разговараме со сите, ако заедно можеме да постигнеме резултат. Сметаме дека американската политика нема да се промени...

Македонските одбојкари поразени од Египет

Македонската одбојкарската репрезентација со пораз ги започна Медитеранските игри во Тарагона, а беше совладана со 3:2 во сетови од селекцијата на Египет.   Египќаните поведоа, освојувајќи го првиот сет со 26:24, но македонските одбојкари го добија вториот со 24:26 и изедначија на 1:1. Египет го доби третиот сет со 25:23, а во следниот со идентичен резултат 23:25 Македонија повторно успеа да врати на...

Германската амбасада ја поздрави ратификацијата на Договорот за името

Германската Амбасада во Скопје денеска преку соопштение упати честитки на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на, како што оценуваат, историскиот Договор за прашањето за името, како и за неговата ратификација во македонското Собрание. - Договорот за ова долгогодишно прашање е значајно постигнување, кое немаше да биде можно без лидерството, посветеноста и политичката храброст од страна на двајцата...

Чешка ќе ги затвори границите за мигранти ако Германија и Австрија го сторат истото

Чешка е подготвена да ги затвори границите за мигранти, ако Германија и Австрија го направат истото. Тоа денеска го изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер предупреди во понеделникот дека од јули нема да дозволи мигранти во државата ако канцеларката Ангела Меркел не пронајде решение за мигрантското прашање на средбата на врвот на Европската унија...