Изложба на Игор Аврамоски во Кичево

Вечерва во уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, со своја самостојна изложба на фотографии со работен наслов „Пустелија“ се претстави Игор Аврамоски. Тој пред присутните љубители на убавата уметност од родниот град се претстави со 18 фотографии од голем формат изработени во последните 12 месеци, а како инспирација му послужиле детали од македонските планини. Инаку ова е четврта самостојна изложба...

Трамп ги продолжи санкциите кон Северна Кореја

Претседателот на САД Доналд Трамп одлучи да ги и продолжи санкциите на Северна Кореја за уште една година.  Американскиот претседател вчера говореше дека Пјонгјанг презема чекори кон денуклеаризација, што би значело чекор кон ублажување на рестриктивните мерки. Трамп се одлучи за санкции, како дел од својата агенда „максимален притисок" на Северна Кореја со објаснување за „необични и несекојдневни" нуклеарни закани. Официјалната...

Асад: Преговорите со САД би биле губење време

Сирискиот претседател Башар ал- Асад денеска изјави дека преговорите меѓу САД и Сирија во овој момент би биле губење време, бидејќи нема да доведат до резултати.  - Не е дека не сакаме да разговараме со Американците затоа што се Американци. Подготвени сме да разговараме со сите, ако заедно можеме да постигнеме резултат. Сметаме дека американската политика нема да се промени...

Македонските одбојкари поразени од Египет

Македонската одбојкарската репрезентација со пораз ги започна Медитеранските игри во Тарагона, а беше совладана со 3:2 во сетови од селекцијата на Египет.   Египќаните поведоа, освојувајќи го првиот сет со 26:24, но македонските одбојкари го добија вториот со 24:26 и изедначија на 1:1. Египет го доби третиот сет со 25:23, а во следниот со идентичен резултат 23:25 Македонија повторно успеа да врати на...

Германската амбасада ја поздрави ратификацијата на Договорот за името

Германската Амбасада во Скопје денеска преку соопштение упати честитки на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на, како што оценуваат, историскиот Договор за прашањето за името, како и за неговата ратификација во македонското Собрание. - Договорот за ова долгогодишно прашање е значајно постигнување, кое немаше да биде можно без лидерството, посветеноста и политичката храброст од страна на двајцата...

Чешка ќе ги затвори границите за мигранти ако Германија и Австрија го сторат истото

Чешка е подготвена да ги затвори границите за мигранти, ако Германија и Австрија го направат истото. Тоа денеска го изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер предупреди во понеделникот дека од јули нема да дозволи мигранти во државата ако канцеларката Ангела Меркел не пронајде решение за мигрантското прашање на средбата на врвот на Европската унија...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени напитоци и јадењето брза храна се стандарден начин за следење на Светското фудбалско првенство. Фудбалските навивачи ширум светот речиси цел месец деновите ќе ги минуваат пред малите екрани, а за многумина од нив тоа ќе значи постојан внес на нездрави напитоци и храна. Здравствените стручњаци заради тоа предупредуваат на можно дебелеење кај навивачите. Внесувањето на многу...

Сторијата за девојчето од насловната страница на Тајм доби пресврт

Сторијата поврзана за насловната страница на новиот број на американскиот неделник „Тајм“ со фото илустрација на расплакано дете на имигрантка од Хондурас, кое стои спроти претседателот на САД Доналд Трамп, со наслов „Добедојдовте во Америка“, доби нов пресврт, бидејќи се покажа дека не само што двојчето не е присилно одделено од мајката, туку тие две го напуштиле Хондурас без...

Колони возила на граничниот премин „Богородица“

На граничниот премин „Богородица“ има зголемен интезитет на возила, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Ѓоковиќ: Федерер е фаворит на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека не меѓу фаворитите на Вимблдон и оцени дека најголеми шанси за освојување на престижниот турнир има швајцарскиот тенисер Роже Федерер. Ѓоковиќ минатата година натпреварувањето на Вимблдон го заврши со четвртфиналето, по што заради повредата паузираше речиси половина година. По враќањето на натпреварите српскиот тенисер имаше неколку порази и победи на земјена подлога, но на...