Во близина на брегот на Шпанија спасени 418 мигранти

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека во три операции во Средоземно Море спасила 418 мигранти. Шпанија е трета земја во Европска унија, по Италија и Грција, во која доаѓаат најголем број мигранти преку Средоземно Море. Прашањето за мигрантите утре ќе биде на дневен ред на мини самитот во Брисел, кој го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои...

Поранешен дипломат на Ватикан осуден поради детска порнографија

Ватиканскиот суд денеска го осуди ватиканскиот дипломат монсињор Карло Капела на пет години затвор поради поседување и дистрибуција на детска порнографија. Тоа е прво такво судење во Ватикан. Капела покрај затворската осуден е и на парична казна од 5.000 евра. Капела призна дека гледал слики со детска порнографија во периодот, како што рече, на внатрешна криза предизвикана со преместувањето на служба...

Додик ја обвини Британија дека испратила експерти за дестабилизација во Бања Лука

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ја обвини Британија дека се обидува да ја дестабилизира Босна, и дека за таа цел испратила експерти во Бања Лука. - Се работи за експерти кои дејствуваат на социјалните мрежи, во медиумите, кои прислушкуваат, и чија цел е да создадат општ хаос и дестабилизација, пред се во Република Српска, обвини денеска Додик. Според претседателот на...

Продолжуваат разговорите на Албанија и Грција за морската граница

Министерството за надворешни работи во Тирана, попладнево индиректно ги отфрли информациите дека е финализиран договорт со Грција за морската границата, соопштувајќи го текот на последната рунда разговори. Како и за претходните средби и овојпат содржината на соопштението е кратка. Се истакнува дека „средбата во Атина на преговарачките групи беше конструктивна и се одржа во позитивна, пријателска и работна клима“ и...

Претседателот на Зимбабве преживеа обид за атентат на предизборен митинг

За време на обраќањето на претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагве на стадион во градот Булавајо, загинаа неколку луѓе откако беше активирана експлозивна направа. Претседателот Мнангагве не е повреден и е сместен во куќа во Булавајо. Неговиот говор е дел од кампањата за претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на 30 јули. Портпаролот на претседателот на Зимбабве, Џорџ Чарамба изјави...

Азар и Лукаку ја водеа Белгија до убедлив триумф

Белгија убедливо го совлада Тунис со 5-2 во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија. Белгиската репрезентација одигра одличен натпревар и благодарение на победата обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот. Белгија во шестата минута поведе со голот од пенал на Еден Азар, а во 16-та минута Ромелу Лукаку беше прецизени и зголеми на 2-0. Две минути подоцна тунискиот...

Дела од летната ликовна школа презентирани во Гевгелија

Во ликовното студио на Пионерскиот дом во Гевгелија е отворена годишната изложба од работилница на која се претставени делата изработени од децата во рамки на летната ликовна школа која работеше под менторство на ликовниот уметник Мирјана Крстева-Массетти. Малите ликовни уметници, рече Массетти, годинава создаваа дела во духот на боите на летото. Техниките застапени во нивните дела се акварел, гваш, колаж,...

Нобеловецот Ферид Мурад во посета на родниот крај 

Добитникот на нобеловата награда за медицина Ферид Мурад, кој има потекло од гостиварското село Лакавица, денес со потесното семејство престојуваше во Гостивар. Нему му беше приреден и прием од страна на гостиварскиот градоначалник. Нобеловецот Мурад Гостивар го посетува по трети пат откако пред две децении првпат дојде во родниот крај на неговиот татко и се запозна со поблиските роднини. Вториот...

Град Скопје ќе го реконструира Планинарскиот дом на Водно

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска го посети Планинарскиот дом на Водно, кој на барање на планинарите ќе биде реконструиран. - Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди Планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој Планинарски дом е викенд свратилиште за голем број рекреативци, планинари и спортисти, гордост на градот и едно од омилените места од...

Илјадници излегоа на протестот против Брегзит во Лондон

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Лондон денеска, во знак на протест против британското напуштање на Европската Унија. Организаторите на таканареченото „Народно гласање“ ја обвинуваат Владата на Тереза Меј за хаотично водење на преговорите за напуштање на ЕУ и за занемарување на интересите на граѓаните на Британија. На протестот ќе се обрати лидерот на Либерално-демократската партија Винс Кејбл, Керолин Лукас од...