Коѕијас: ЕУ треба да го исполни ветувањето за Северна Македонија и Албанија
Според нашето мислење, од моментот кога Европската комисија го постави ова лето како хоризонт за почеток на формалните преговори со Северна Македонија и Албанија, ќе треба да го исполниме ветувањето, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за EURACTIV.com.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да...
Сингапур потрошил 12 милиони долари за самитот Трамп- Ким
Сингапур, кој беше домаќин на неодамнешниот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, потрошил 12 милиони долари за тој настан, најмногу за безбедноста.
Претходно беше наведено дека за самиот на сингапурскиот остров Сентоса, биле потрошени 20 милиони долари, што предизвика критики во таа земја.
Маркетинг експертите веруваат дека публицитетот на тој состанок десет пати повеќе...
Речиси 3,5 милиони евра запленети во Драч
Во најголемото албанско пристаниште Драч, запленети се три милиони и 470 илјади евра откриени во два автомобила, при влез во Албанија.
Парите се откриени во два автомобила „Тојота јарис“, без регистарски таблички, кои заедно со уште седум други автомобили биле транспортирани од Белгија од албанска фирма регистрирана за транспрот.
Деталната контрола врз возилата следувала по дојава на Европол, откако возилото на...
Воз двапати налетал на камења на пругата Скопје-Битола
Патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, вчера околу 13:50 часот на делот од пругата помеѓу железничкото стојалиште Браилово и железничкото стојалиште Слепче, удрил во камења на пругата кои биле поставени од непознати лица.
Од ударот предизвикано е оштетување на браникот на возот, но истиот не застанал, односно го продолжил движењето.
Потоа истиот ден околу 19:05 часот патничкиот воз...
Османи: Албанците немаат дилеми за Договорот со Грција оти води кон ЕУ и НАТО
Албанците во Македонија немаат дилеми околу Договорот со Грција и ќе го поддржат на претстојниот референдум, не само затоа што ги отвора вратите кон ЕУ и НАТО, туку и затоа што го чува идентитетот на нашите сограѓани Македонци, истакнува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју за Би-Би-Си на српски јазик.
Османи вели дека неговата партија ДУИ им предложила...
Симулација на Пентагон: НАТО ќе биде поразен од Русија поради лоши патишта и бирократија
Во случај на воен конфликт со Русија во Европа НАТО ќе претрпи пораз поради лоша патна мрежа и бирократија. До овој заклучок дошле во Пентагон како резултат на симулација на потенцијална војна, објави „Вашинтон пост“.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, резултатите од истражувањето укажуваат дека американските тенкови и оклопни возила би заринкале поради тесни патишта и...
Без решение мини-самитот на ЕУ за имигрантите?
Лидерите на најмалку 16 земји на ЕУ вчера во Брисел требаше да одржат мини-самит, на кој се очекуваше да ги претстават позициите за решавање на мигрантската криза во пресрет на официјалниот самит на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни. Затворениот состанок во Европската комисија, меѓутоа, не се очекуваше да заврши со конечен компромис, бидејќи на него одбија да...
Саудијките конечно можат да возат
Во Саудиска Арабија е укината забраната за жените да возат возила, која беше единствена во светот. Реакциите на одлуката се поделени. Едни ја сметаат за позитивен тренд, а други нагласуваат дека постојат уште многу други забрани поради кои Саудијките и понатаму се граѓани од втор ред во кралството
Саудијките вчера првпат по повеќе децении можеа да седнат во автомобил да...
Скопјанец тешко повреден при пад од мотор
Триесет и едногодишниот скопјанец Р.Ј. синоќа во 20:00 часот управувајќи мопед „Кивеј“ со скопски регистарски ознаки паднал на коловозот на ул. „28“ во село Сопиште, при што се здобил со тешки повреди.
Според полицијата, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот.






































