Заев: Јас сум непоправлив оптимист и верувам дека референдумот ќе успее

Премиерот Зоран Заев во интервју за белградскиот весник „Политика“ изјави дека патриотска должност на секој политичар, посебно на секој премиер, е да се грижи за интересите на граѓаните, кои му ја дале довербата и за интересите на државата. Одговарајќи на прашање како се чувствува по потпишувањето на договорот со Грција, тој вели дека е подготвен на лидерство, да води...

Територијализација на националниот мит

Независно од тоа дали тие нам ни се допаѓаат, дали се кич или врвна уметност..., спомениците подлежат под Законот за авторско право. И како современ авторски труд, тие претставуваат одредено уметничко гледиште, или интерпретација на уметникот. Во краен случај, тоа уметничко гледиште може да биде и пародија, потсмевање со историјата. Членот 8 од Преспанскиот договор е совршена илустрација за...

Помпео побара од Франција да не ја блокира Македонија за НАТО и за ЕУ

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ. Во разговор со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, Помпео побарал по постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ, пренесе...

Зголемен интересот за субвенциониран годишен одмор кај работниците со ниски примања

Вкупно 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор од пријавените над  1.900 на огласот од 2 април до 31 мај годинава.  Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, со оглед дека со оваа бројка ќе бидат исцрпени 20 милиони денари од предвидените 30, распишан ќе биде уште еден оглас кон крајот на август....

Прскање против комарци утре во Охрид

Центарот за јавно здравје Охрид утре ќе спроведе теристичка дезинсекција против комарци. Запрашувањето од земја, како што информира општина Охрид, ќе се врши во периодот од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, територијата на градот Охрид од река Грашница до Коселска Река. Од...

САД му забранија влез на Хавиер Солана

САД му забранија влез во земјата на Хавиер Солана, поранешен генерален секретар на НАТО и екс министер за надворешни работи на Шпанија, поради патување во Иран, една од земјите, која американскиот претседател Доналд Трамп ја стави на својата „црна листа". На Солана, кој треба да одржи говор во институтот Брукингс во Вашингтон, му е одбиена американската виза преку електронскиот систем...

Коѕијас: ЕУ треба да го исполни ветувањето за Северна Македонија и Албанија

Според нашето мислење, од моментот кога Европската комисија го постави ова лето како хоризонт за почеток на формалните преговори со Северна Македонија и Албанија, ќе треба да го исполниме ветувањето, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за EURACTIV.com. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да...

Сингапур потрошил 12 милиони долари за самитот Трамп- Ким

Сингапур, кој беше домаќин на неодамнешниот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, потрошил 12 милиони долари за тој настан, најмногу за безбедноста.  Претходно беше наведено дека за самиот на сингапурскиот остров Сентоса, биле потрошени 20 милиони долари,  што предизвика критики во таа земја.  Маркетинг експертите веруваат дека публицитетот на тој состанок десет пати повеќе...

Речиси 3,5 милиони евра запленети во Драч

Во најголемото албанско пристаниште Драч, запленети се три милиони и 470 илјади евра откриени во два автомобила, при влез во Албанија. Парите се откриени во два автомобила „Тојота јарис“, без регистарски таблички, кои заедно со уште седум други автомобили биле транспортирани од Белгија од албанска фирма регистрирана за транспрот. Деталната контрола врз возилата следувала по дојава на Европол, откако возилото на...