Тачи: Мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен
Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен и дека целта на помирувањето е „постигнување дефинитивен договор кој ќе биде од корист за двете страни".
Во интервју за францускиот весник „Фигаро", Тачи додава дека не постои „волшебна формула“ за решението.
- Не станува збор за изнаоѓање волшебна формула, туку промовирање прагматично решение што ќе им...
Роналдо: Целта е исполнета
Репрезентацијата на Португалија се пласира во осминафиналето на Светското фудбалско првенство и со тоа ја исполни првата цел.
Ѕвездата на португалскиот национален тим Кристијано Роналдо е задоволен од пласманот во елиминациската фаза.
-Целта е исполнета. Фокусирани на следните предизвици. Напред, Португалија.
напиша Роналдо на својот Фејсбук профил.
Португалците со пет бода го освоија второто место во групата Б. Во осминафиналето ќе играат против...
Скопјанец со возило удрил во жардиниера
Скопјанец вчеравечер се здобил со тешки телесни повреди откако со своето возило удрил во жардиниера на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.
Како што информира МВР, патничко возило „Опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Г.Ѓ.(19) од Скопје, вчера во 21:18 часот удрило во бетонска жардиниера на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје. Од ударот со тешки телесни повреди се...
Рохани: Иран нема да подлегне на притисокот на САД
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска остро го критикуваше повлекувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор со Иран, порачувајќи дека Иранците нема да подлегнат на притисокот на САД туку ќе ја бранат својата независност и исламските вредности.
Во говорот, кој во живо беше пренесуван од иранската државна телевизија, Рохани рече дека постапката на Трамп, кога се работи за меѓународниот...
Општината Центар ќе кофинансира санација на лифтови и на покриви за неколку згради
Општината Центар за неколку станбени згради финансиски ќе ги поддржи поправката и санацијата на постојните лифтови и покривните конструкции. Проектот ќе го реализира на објектите чиј избор ќе го направи комисија, откако тие ќе се пријават на јавен повик.
Од Центар информираат дека на повикот на општината биле поднесени 51 пријава, а комисијата донела одлука за избор на 10 станбени...
Баз Олдрин ги тужи синот и ќерката
Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужи двете деца и нивните поранешни бизнис менаџери бидејќи наводно му украле пари, но и за клевета бидејќи говорат оти боледува од деменција.
Тужбата, откриена во понеделник, е поднесена на Флорида, една недела откако неговите деца побарале контрола над неговите финансии. Неговото семејство му рекло на судијата дека му е потребен законски старател бидејќи „когнитивно...
Велосипед со цветен аранжман
Малкумина од скопските газди сакаат да издвојат дел од парите што ги заработуваат, за да го облагородат јавниот простор пред своите дуќани, кафеани или ресторани. Не штедат на она што е нивна површина, но за околината малкумина од нив покажуваат грижа да направат нешто убаво, нешто што ќе ги привлече погледите на минувачите. Еден од ретките е веројатно и...
Тешко повреден пешак во Кавадарци
Седумнаесетгодишен кавадарчанец бил тешко повреден при сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 22.30 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци.
- Станува збор за сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „фолксфаген голф” со кавадаречки регистарски броеви управуван од Д.Д.(30) од Кавадарци, моторцикл марка „хонда ЦБР 900“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.Л.(21) од село Марена - кавадаречко и пешак...
Кога ќе дојдат главните работи – НАТО и ЕУ?
Очекувам шефовите на држави и на влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка, доколку договорот се финализира. Финализирање значи целосна ратификација, референдум и позитивно гласање. Ако се случи тоа, оптимист сум, повтори Столтенберг
Првите точки од договорот во Нивици, потпишан на 17 јуни, годинава, меѓу министрите за надворешни...
Старите автобуси, сауни на четири тркала
Од ден на ден станува сѐ поневозможно да се користи јавниот градски превоз на кој градот толку многу инсистира. А како да се натераат граѓаните наместо со својот автомобил, на работа да заминат со автобус, кога повеќето се стари возила што личат на подвижни сауни на четири тркала, бидејќи најчесто се неклиматизирани. Еден таков стар приватен автобус, неодамна одненадеж...






































