Алпинистката Костовска се искачи на „Монблан“

Планинарката Наташа Костовска, од планинарскиот клуб ВАК Анапурна, на 22 јуни го искачи врвот Монблан (4.808 метри), највисокиот врв во Западна Европа кој се наоѓа во срцето на Алпите меѓу регионите на долината Аоста и Високи Савои во Италија. - По успешно искачениот на највисокиот италијански врв „Гран Парадизо“, на 20 јуни, „карпошанката“ Костовска, во вечерните часови продолжи со искачување...

Британската кралица го одобри законот за Брегзит

Законот со кој се уредува излегувањето на Велика Британија од ЕУ, стапи во сила денеска, по неколку месеци остри дебати во британскиот Парламент.  Текстот на Законот, кој беше претставен во јули 2017 година од конзервативната влада на Тереза ​​Меј, а усвоен минатата недела во британскиот Парламент, го потпиша денеска и кралицата Елизабета Втора. „Кралската поддршка" е последната фаза од законодавната постапка...

Триглав Осигурување обезбеди „City Tree“ за Скопје

Триглав Осигурување, во партнерство со Еко-свест, како изведувач, и Општина Аеродром, како примател на спонзорство, обезбеди „City Tree“ инсталација за Скопје, која што придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот во градот. Инсталацијата, која што се постави во населба Аеродром, претставува биолошки филтер, кој што го прочистува воздухот од штетни материи, како азотни и сулфурни оксиди, јаглерод...

Стипендии за 12 студенти на Техничкиот факултет Битола од АД ЕЛЕМ

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Државните електрани на Македонија, Драган Миновски и директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски денес на Техничкиот факултет во Битола ги доделија договорите за стипендии на дванаесет студенти од овој факултет. Станува збор за студенти од прва, втора и трета година кои веќе користат стипендии од АД ЕЛЕМ, а правото го стекнале со...

Градот ќе ја подобрува инфраструктурата за индустриската зона во Момин Поток

Повеќе капитални инфраструктурни проекти ќе се реализираат оваа и следната година за подобрување на инфраструктурата на индустриската зона во Момин Поток, најавија денеска градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на општија Карпош Стефан Богоев кои денеска се сретнаа со повеќе стопанственици, сопственици на фирми кои работат во оваа зона во Карпош. Градоначалникот Богоев осврнувајќи се на инфраструктурните зафати информира...

Владата ја усвои интервентната мерка за доматите

Земјоделците кои од денеска до 15 јули годинава ќе ги предадат доматите во преработувачки капацитети или преку регистриран откупувач, наместо три, ќе добијат седум денари субвенции за килограм, предвидува интервентата мерка што беше усвоена денеска на владина седница, по предлог на Министерството за земјоделство. За исплатата на зголемената субвенција се предвидени два милиона денари. - Субвенцијата ја зголемивме поради нарушениот баланс...

Најмногу награди за „Сараевскиот воен театар“

Меѓународното жири на 5-от Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој се одржа од 18 до 24 јуни, во состав Иван Лео Лемо (претседател на жирито), Магдалена Ризова Черних (член) и Љупчо Петрушевски (член), по проследувањето на шесте претстави (три од Македонија и три од регионот) едногласно ја донесе одлуката наградата гран при за најдобра претстава да ја добие...

Македонија и Грција почнуваат разговори за поевтинување на роамингот

Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и грчкиот министер за дигитална политика, телекомуникации и медиуми Никос Папас и телекомуникациски оператори од Македонија и Грција следниот месец ќе одржат средба за конкретни решенија и временска рамка за да започне процедурата за намалување на цените во роаминг меѓу Грција и Македонија. Согласност за тоа е постигната на денешната...

Ќе ја читаме „Лисица“ од Угрешиќ на македонски

Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на книгата „Лисица“ од хрватската писателка Дубравка Угрешиќ, која пред десетина дена беше прогласена за Роман на годината во Хрватска. Преводот на македонски е на Кристина Велевска. Делото „Лисица“ од првата дама на бившојугословенската книжевност Дубравка Угрешиќ е роман, автобиографија, патопис - и многу повеќе од тоа. Авторката на духовит начин се пресметува со...

Сертификат „Фер со потрошувачите“ ќе добијат 46 компании

Подобрување на односот производител-потрошувач, зголемување на довербата меѓу двете страни и поголема конкурентност на компаниите на домашниот и на странскиот пазар се придобивките од добивањето на сертификатот насловен „Фер со потрошувачот“. Ова е целта на денешната промоција на проектот пред прилепските стопанственци за сертифицирање како гаранција за квалитетот на производите и услугите што им ги нудат на македонските потрошувачи. Проектот се...