Хотелскиот душек виновен за проблемите на Марсело
Лекарот на бразилската репрезентација изјави дека душекот на креветот во хотелот е најверојатно причина за проблемите со грбот на фудбалерот Марсело Виеира да Силва Жуниор познат како Марсело.
Бразилскиот фудбалер мораше да го напушти натпреварот со Србија, а како причина беше наведено дека тој има силни болки во грбот.
Лекарот Родриго Ласмар изјави дека оптимист и Марсело ќе биде подготвен да...
Најголема заплена на дрога во ЕУ, околу 800.000 таблети ЛСД
Шпанската цивилна гарда и австриската федерална полиција конфискуваа околу 8.000 евра во круптовалутите биткоин, ИОТА и лумен, како и приближно 800.000 таблети ЛСД, што е најголема заплена на дрога во Европска унија, соопшти Европол.
- Успешно е разбиена криминална мрежа која произведуваше и дистрибуираше ширум светот дрога позната како „нова психоактивна супстанца“ (НПС)- се посочуува во соопштението на Европол.
Рации се...
Грчките монаси од Света Гора не го прифаќаат Договорот од Преспа
Света Гора смета дека признавањето на македонскиот јазик и македонската националност од страна на грчката држава е „непочитување на историјата и вистината и предавство на националната свест на хеленизмот“.
По повод решавањето на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција, Светата заедница на Света Гора излезе со соопштение во кое вели дека за нив Договорот не е прифатлив.
- Како монаси од...
Солзи радосници на скромен чистач
Студенти од британскиот Универзитет на Бристол собрале 1.500 фунти за нивниот миленик - универзитетскиот чистач Херман Гордон да може да си го посети семејството во Јамајка за празник.
- Тој е симбол на среќата- се вели во објавата на интернет страницата „Just Giving“, преку која се собираа средствата.
Подарокот Гордон го доби со порака од дарежливите студенти.
- Ти ни ги разведруваш...
Во Судот слушнати четири „бомби“ за „Трезор“, ново рочиште на 10 септември
На денешното рочиште за случајот „Трезор“ се слушаа четири снимки од прислушувани разговори предложени од СЈО, а кои се однесуваат на фирмата „Финси“ и набавката на опрема наменета за МВР.
На снимките се слушаат разговори од 2010 и 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, Сашо Мијалков и Влатко Мијалков и на Влатко Мијалков и Саша Глишиќ.
Одбраната на обвинетите приговараше до...
Винариите немаат залихи, заинтересирани за откуп на 150.000 тони грозје
Винариите во Македонија немаат залихи и се заинтересирани за откуп на 150.000 тони грозје, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на трибината со тиквешките лозари во Неготино.
Тој најави дека Министерството ќе ги објави производните цени за килограм грозје. Се вршат, рече, анализи и согледувања, и нема да се дозволи како порано, винарии да откупуваат, а да...
Се очекуваат рекорден број туристи сезонава во Дојран
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) Љупчо Јаневски денеска е во посета на Дојран каде со градоначалникот Анго Ангов дискутира за активности и проекти кои заеднички ќе се преземат со цел поголем интерес од страна на туристите и поуспешна туристичка сезона.
Од Агенцијата информираат дека градоначалникот на Дојран и директорот на Агенцијата очекуваат...
ПЕС: Отворени перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кој, придружуван од заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска се наоѓа во посета на Брисел, денеска учествуваше на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).
Претседателите на партиите на социјалистите и на социјалдемократите го поздравија Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција за прашањето за името и за стратегиско пријателство и го оценија како...
Инстаграм поддржува видео чет и нови филтри со проширена реалност
Фејсбук ја искористија својата F8 конференција за програмери, за да нѐ информираат за серија подобрувања кои не очекуваат во Инстаграм. Поголемиот дел од овие функции се веќе дел од најновата верзија на апликацијата, која сега е достапна за преземање. Најинтересната иновација несомнено е можноста да стартувате и учествувате во видео разговор од паметните телефони со Андроид и iOS без...
Службено патување на Аљими го прекина судењето за „Титаник 3“
На барање на одбраната на обвинетиот Ејуп Аљими денешното рочиште за случајот „Титаник 3“ беше прекинато во 13 часот, бидејќи Аљими, кој е пратеник од ДУИ, треба да патува во Брисел.
Судијката Оља Ристова го прифати барањето на одбраната и следното рочиште го закажа по одморите, односно на 20 септември.
На денешното рочиште се слушаше прислушуван разговор на две лица на албански јазик во врска...





































