Заев: Добивме датум за преговори, историска одлука на ЕУ
Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле на македонски јазик ја оцени како „историска“ одлуката на ЕУ за датум за отпочнување преговори за членство на Македонија и Албанија, оценувајќи оти консолидацијата на ЕУ ќе биде довршена дури кога Унијата ќе го прифати Западен Балкан.
На прашањето дека има различни интерпретации на одлуката на Еврокомисијата и оти Владата тврди дека...
Пет жртви во напад врз редакција на весник во САД
„Капитал газет“ излезе во печат само еден ден откако напаѓач со сачмарка и со димни бомби упадна во редакцијата на весникот од Анаполис и уби пет лица
Редакцијата на американски „Капитал газет“ вчера го објави петочното издание со статии и со некролози за своите пет колеги, кои беа убиени во нападот врз седиштето на локалниот весник во Анаполис, главниот град...
Лидерите на ЕУ се договорија за мигрантите
Лидерите на ЕУ вчера, рано изутрина, по маратонски разговори, успеаја да постигнат договор за мигрантите на дводневниот самит на Унијата во Брисел. Заклучоците не ги задоволуваат сите, но беа неопходни за да се спаси шенген-зоната, посочуваат европските претставници.
Италија повеќе часа се закануваше дека ќе ги блокира заклучоците од самитот ако другите 27 членки не се согласат на поголема солидарност...
Столтенберг и Заев ја здогледаа Македонија на мапата на НАТО?!
Сепак, без финализирање на договорот со Грција, Македонија нема да може да се приклучи во НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
Очекувам лидерите на земјите-членки на НАТО на самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете разговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во...
Изнајмувањето автомобил повеќе чини лете отколку зиме
Сите што сакаат со автомобил брзо да го разгледаат Скопје или да појдат во другите градови во земјава, особено туристите или нашите блиски што летово се враќаат во родниот крај, можат да изнајмат автомобил доколку сакаат да бидат помобилни. Колку пари би ги чинело, какви автомобили можат да изнајмат, на колкав временски период и од каде,се најчестите прашања што...
Претепано момче се бори за живот
Дваесет и едногодишно момче се бори за живот на Скопските клиники откако вчера попладне во 17.20 часот во населбата Автокоманда е претепано од непознати лица.
Вчера и во текот на ноќта момчето не било контактибилно. Според првичните информации од МВР, го претепале три засега непознати лица.
Непознатите излегле од автомобил мерцедес и го нападнале момчето кое се движело по булеварот Александар...
Сѐ уште е голем јазот меѓу нормативното и стварното
Жален е фактот што идентификува појава дека она што е напишано на хартија (устав, закони, подзаконски акти, процедури...) е едно, а тоа различно се случува во практика, како „остварување“ или придржување кон она што значи позитивно право и утврден правен систем. Еден мал хронолошки преглед недвосмислено би ни покажал слика на поинакви процеси и постапки, на сосема поинакво дејствување...
Базен во дворот – идеална летна релаксација
Доколку сте љубител на пливањето или на одмарањето покрај базен, веројатно сте си замислувале еден ден да имате свој базен. Меѓутоа, ако дворот ви е мал, базенот изгледа како недостижен сон.
До неодамна базените кај нас беа луксуз што можеа да си го дозволат само оние со подлабок џеб. Но денешната современа технологија и едноставниот начин на изградба на базените...







































