Поддршката на извозот е потреба и на бизнисот и на државата

Владината поддршка може да е клучна, но и претпријатијата треба да ја подигнат својата проактивност во барање надворешни пазари за своите производи, постепено вклучување во меѓународните вериги на снабдување, што е процес што би одел полесно ако имаат конкурентен производ, објаснуваат експертите Едно од позначајните прашања каде што постои определен расчекор помеѓу приоритетите на државата и на стопанството е прашањето...

Османи: Сега е време опозицијата да каже на која страна е во евроинтеграцискиот процес

Вицепремиерот Бујар Османи денеска побара од претседателот Ѓорге Иванов да биде конструктивен и да се вклучи во процесот за европска иднина на Македонија и ја повика опозицијата, како што рече, да каже на која страна е во овие историски моменти.  Османи на прес-конференција во СЕП кажа дека два пати бил кај Иванов на разговори, но оти шефот на државата не...

МНТ е одраз на отсуството на културна политика

Многумина се разочарани од тоа што се случува, или повеќе од тоа што не се случува во културата, која никако да фати правец, особено по смените на министрите за култура, на директори на институции или сѐ уште неназначување нови, многуте кадровски и финансиски проблеми, не само во МНТ туку и во некои други институции од културата. Револтот на јавноста...

Трамп: Германија, Франција, Шпанија да трошат повеќе на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на Германија и други европски држави дека треба повеќе да трошат на НАТО и оти „не се фер кон САД“. Тој во изјава дадена во претседателскиот авион на пат кон Њу Џерси, изрази незадоволство од сојузниците на САД бидејќи не вложуваат доволно во трошоците на Северноатланската алијанса за одбранбени цели. - Германија треба да троши...

Трамповата доктрина победува, а светот губи

Актуелниот американски претседател сака да ги уништи сојузите и да ги прокоцка односите и меѓународните институции што 70 години го карактеризираа глобалниот поредок предводен од САД. Алтернативната верзија на Трамп за меѓународниот поредок е докажувањето на едностраната моќ, нешто што самиот го нарекува „Америка на прво место“ Кори Шаке Во иднина, на почетокот на јуни 2018 година ќе гледаме како на...

Заев: Добивме датум за преговори, историска одлука на ЕУ

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле на македонски јазик ја оцени како „историска“ одлуката на ЕУ за датум за отпочнување преговори за членство на Македонија и Албанија, оценувајќи оти консолидацијата на ЕУ ќе биде довршена дури кога Унијата ќе го прифати Западен Балкан. На прашањето дека има различни интерпретации на одлуката на Еврокомисијата и оти Владата тврди дека...

Пет жртви во напад врз редакција на весник во САД

„Капитал газет“ излезе во печат само еден ден откако напаѓач со сачмарка и со димни бомби упадна во редакцијата на весникот од Анаполис и уби пет лица Редакцијата на американски „Капитал газет“ вчера го објави петочното издание со статии и со некролози за своите пет колеги, кои беа убиени во нападот врз седиштето на локалниот весник во Анаполис, главниот град...

Лидерите на ЕУ се договорија за мигрантите

Лидерите на ЕУ вчера, рано изутрина, по маратонски разговори, успеаја да постигнат договор за мигрантите на дводневниот самит на Унијата во Брисел. Заклучоците не ги задоволуваат сите, но беа неопходни за да се спаси шенген-зоната, посочуваат европските претставници. Италија повеќе часа се закануваше дека ќе ги блокира заклучоците од самитот ако другите 27 членки не се согласат на поголема солидарност...