Дорегулација на 30-те секунди, пасивниот напад, прекршоците од голман…
За да се избегнат различните интерпретации и имплементации на дел од правилата на играта, Светската ракометна федерација (ИХФ) во пресрет на Светското првенство за јуниорки, во Унгарија, направи прецизирање на дел од правилата. Така, во случај да се повтори ситуација како на натпреварот Словенија - Германија на Европското првенство (ЕП) годинава, кога по видеоанализа беа досудени исклучување и пенал...
Можно е трофејно финале, но и некое дебитантско
Од 12-те репрезентации што до неделата останаа во игра за трофејот на СП 2018, пет во минатото играле во финален меч, уште три во полуфинале и во меч за бронзениот медал, а вкупно седум имаат шанса првпат да заиграат во натпревар за светската круна
По првите два дена од осминафиналето на фудбалското Светско првенство (СП) во Русија се познати 12-те...
Преку „Сите сити“ 16.000 оброци за социјално загрозени граѓани
Преку системот за донирање вишок храна „Сите сити“ се донирани пет тона вишок храна или 16.000 оброци до социјално загрозени граѓани.
- Ова претставува најголема донација на храна досега и се радуваме дека заедно со оваа донација преку „Сите сити“ се донираа девет тони храна или 28.000 оброци до социјално загрозени граѓани - истакнуваат од „Ајде Македонија“, кои го воспоставија...
„Везеница“ од реченици што милуваат и умни мисли кажуваат
Новата книга на познатиот македонски писател за деца Стојан Тарапуза, која неодамна излезе од печат како издание на издателството „Матица“, содржи педесетина прозни текстови напишани во рима и во дијалошка форма, со кои децата можат да научат многу важни работи за светот што ги опкружува. И дијалозите и прашањата и одговорите еден со друг се дополнуваат и игриво и...
Бабел
Единаесеттото поглавје на првата книга од Постанокот во Стариот завет говори за митот на Вавилонската кула. За напорот на луѓето да го достигнат божјото и да си го овековечат името. И за казната на таа незапирлива амбиција, испорачана во збрка на јазиците и востоличување на големото недоразбирање меѓу нејзините градители. Тоа е накратко библиското толкување на шаренилото јазици низ...
Голманите ги одведоа Русите и Хрватите во четврт-финалето
Во неделата се истакнаа Акинфеев, кој одбрани два пенала за триумф на Русија, и Субашиќ, со три одбрани на дуелот Хрватска - Данска. Се истакна и уште еден голман, Шмајхел, со три одбранети пенали (еден во 116. минута)
На дуелите од осминафиналето на Светското првенство во фудбал (СП), Русија - Шпанија (1-1, на пенали 4-3) и Хрватска - Данска (1-1,...
Допрва следат напори за спасување на пронајдените тајландски момчиња
Акцијата за спасување на дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер од пештерата во Тајланд би можела да трае со месеци, откако тие вчера беа пронајдени по деветдневна потрага, според информациите од тамошната војска која учествува во напорите за нивно извлекување, пренесува британски „Гардијан“.
Момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер беа пронајдени вчера од тим...
Суви пливачи
Несомнено е дека тие подготовки, во кои спаѓаше и промената на името, целосно ни ја скрија сликата на нашиот внатрешен општествен и економски живот, во нашата држава. Сите, со месеци, како во транс викавме, врескавме, се надвикувавме околу името, додека за тоа време нашата економија, култура, образование и нашите животи - пропаѓаа со вртоглава брзина. Сите наши сили беа...
Каде нѐ дотераа генијалците со сите петки?
Зошто да не може ученик со една или две четворки да се запише во училиштето што го сака? Зошто четворките да се пречка за тоа? Зошто системот не овозможува да им се даде шанса и на тие ученици, независно за кое училиште за средно образование се работи? Неопходно е нешто да се менува во овој дел и да им...
Законот за ДДВ и изградбата на центар за деца со аутизам на дневен ред на владината седница
Владата на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледа предлог-измените на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.
Од владината прес-служба информираат дека на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе бидaт разгледани Предлог-измените на Законот за заштита на децата и Информацијата за изградба на дневен...






































