Најголема нелегална плантажа за канабис откриена во Грција

Грчките власти соопштија дека ја откриле најголемата нелегална плантажа со канабис во земјата во градот Кардица, објави „Катимерини“. Во полициската акција бил уапсен 44-годишен маж, а обвинение е покренато и против негов 24-годишен соучесник. Полицијата од плантажата искорнала и запленила 10.500 стебла канабис со висина од 0,3 до 1,7 метри.

Германија веќе подготвува договори за враќање на мигрантите во членки на ЕУ

Германското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека веќе подготвува нацрт договори со други членки на Европската унија за враќање на мигранти кои побарале азил во Германија, а претходно побарале азил во некоја друга земја. Портпарол на Министерството најави дека министерот Хорст Зехофер денеска ќе ја посети Австрија, каде со канцеларот Себастијан Курц ќе разговара за новиот германски план за...

Одбраната ја оспорува првата „бомба“ во предметот „Тревник“

Деталите од разговорот во кој новинарот Драган Павловиќ-Латас и изведувачот ја договараат изградбата на викенд-куќите во Зелениково, можеа да се слушнат во првата „бомба“ што беше презентирана денеска во Кривичниот суд, во предметот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Снимениот телефонски разговор е оспоруван од страна на одбраната како ирелевантен доказ. Судот, претходно го одби барањето на одбраната за исклучување на јавноста...

Нема „чума“ кај овците и козите во Македонија

Кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста „чума“ што беше потврдена на 22 јуни во Бугарија. На терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Според него, се преземаат мерки превентивно за да се подигне свеста на повисоко...

Мбапе не е осамен во неговите хумани дела

Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе (19) го привлече вниманието со неговите квалитетни партии на Светското првенство (СП) во Русија, но и со објавата оти ќе го донира хонорарот добиен за настап на Мундијалот во добротворни цели, со образложение дека „не треба да биде платен за да игра за националната селекција“. Напаѓачот на „триколорите“, сепак, не е единствениот учесник на СП...

Анулиран грчкиот геноцид врз Македонците

Поранешниот дипломат Ристо Никовски во пообемен текст за „Нова Македонија“ се осврнува потемелно на договорот за надминување на разликата за името со Грција. Неговите ставови за овој договор досега ги изнесувал во повеќе текстови, во телевизиски дебати и во интервјуа, но во текстовите што ги објавуваме во четири продолженија прави детална анализа. Насловите се редакциски Овие договори не ги затвораа...

Починат тетовец по пад од кран во Порој

Тетовецот Р.Б.(67) починал вчера нешто по 16 часот откако претходно околу 14 часот и 30 минути паднал од лопата на кран додека заварувал во круг на приватна фирма во Порој, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.  Според неговите податоци, сега починатиот бил влезен во лопатата на кранот и заварувал цевки од бетонска пумпа по што од извесна висина...

Заев: Гордост е да се биде војник во земја членка на НАТО

Да се биде војник во земја членка на Алијансата значи да се работи во многу подобри услови, по стандарди на сојузниците од НАТО. Како војници треба да бидете горди што ќе бидете првата генерација која ќе служи на својата земја како земја членка на НАТО, порача денеска премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод приемот на 125 професионални војници во...

Во Прилеп се гради центар за чување податоци од национален интерес

Информацискиот центар ќе овозможи зачувување податоци за целосно обновување во случај на катастрофа, како и за развивање политики и планови со кои ќе се поддржи обновувањето на системот во случај на губење податоци поради природна или катастрофа предизвикана од човечки фактор Во Прилеп започна да се гради информатички центар за обновување по катастрофи и обезбедување континуитет во работата. Центарот се...

Усвоен Стратегискиот одбранбен преглед

Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, а за неколку месеци ќе почне процесот на ратификување на протоколите, изјави вчера вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која информира дека вчера на владината седница бил усвоен Стратегискиот одбранбен преглед. Министерката Шекеринска напомена дека на церемонија во Брисел на самитот што е закажан за 11 и 12...