Утре без вода дел од булевар „Св. Климент Охридски“

Поради уличен дефект ф-80мм на булевар „Партизански Одреди“ 17 прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од истата улица на потегот на булевар „Св.Климент Охридски“ до булевар „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Како што информираат од РЦУК, прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Симона Станковска и Елена Петреска меѓу најдобрите топ модели во Либан

Симона Станковска од Скопје и Елена Петреска од Прилеп беа дел од изборот за убавина „Ворлд некст топ модел 2018“ што се одржа во Бејрут, Либан. И двете успеаја да освојат титули, односно Елена ја освои титулата мис за Европа, а Симона е петта придружничка. Изборот се одржа во големото студио на „МТВ Лебанон“ во Бејрут, со учество на 35 девојки...

Кривични против тројца скопјани за шверц на марихуана и недозволено поседување оружје

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Д.А. (44) и Ф.В. (18), двајцата од Скопје, осомничени за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Д.П. (48) од Скопје за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти МВР, на 12 јуни...

Бизнисмените бараат сузбивање на сивата економија

Бизнисмените бараат сузбивање на сивата економија како најголем проблем со кој се соочуваат бидејќи анализите направени од нивна страна покажуваат дека во 2018 година има масовна пререгистрација на фирмите и нивно прибегнување да работат нерегистрирано. - Се работи за тренд кој рапидно почна да се зголемува во 2018 година. Она кое го гледаме е дека компании кои биле активни на...

Споменикот на револуцијата во Тетово бојадисан по неодамнешното вандализирање

Музејот на тетовски крај изврши санација на Споменикот на револуција кој редовно се вандализира со испишување непристојни пароли и недолични графити. Беше извршено чистење, бојадисување и санирање на оштетени делови. Во текот на мај беше извршено последното оштетување на овој споменик од народно-ослободителната борба. -Овој споменик е честа мета на вандалски чинови и оштетувања. Освен денешната акција планираме уште повеќе...

Условна казна за вработените во затворот кои го снимале Чавков

По спроведените истражни дејствија, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против две службени лица од КПУ Затвор „Скопје“ во Скопје. На лицата, како што соопшти Обвинителството, им се става на товар дека сториле кривично дело „неовластено снимање“ од чл.152 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот законик. Од Обвинителството посочуваат дека на 30...

Мајка со нож ја нападнала својата 20-годишна ќерка

Дваесет годишната скопјанка С.И. вечера со нож била нападната од нејзината мајка. Од МВР информираат дека настанот се случил околу 13 часот нивниот семеен дом. Мајката со нож и нанела три убодни рани на ќерката во пределот на десната надколеница. На повредената и била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8-ми Септември". Извршен е увид на местото на настанот и се...

Се преслушуваат „бомбите“ за „Тревник“

Со преслушување на прислушуваните разговори што се дел од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинителство, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за случајот „Тревник“, во кој се обвинети Драган Павловиќ - Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково. Одбраната на обвинетите побара за два од 137-те разговори да биде исклучена јавноста, на...

Морето опушта исто како медитацијата

Сината боја се поврзува со чувството на смиреност и мир. Самото гледање во вода доведува до некој вид медитативна состојба Нови експертски истражувања укажуваат дека луѓето што живеат во куќа со поглед на море се многу посмирени. Морската вода содржи минерали, кои помагаат организмот да се избори со инфекциите. Ако ви треба изговор да одите на море, сега можете да се...

Кривични пријави за несовесно трошење при изградбата на мостот „Око“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Центар В.Т. и уште две лица М.Т., поранешен секретар во општината и Д.Р., вработен во Секторот за уредување градежно земјиште и заштита на животната средина во истата општина, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“. Како што информира...