Заев: Британската поддршка долнителна мотивација за интеграциите во ЕУ и НАТО
Огромната поддршка која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија за остварување на евроатлантските интеграции, претставува дополнителна мотивација за забрзување на реформите за економскиот просперитет на сите граѓани.
Ова го истакна премиерт Зоран Заев на средбата во Владата со делегација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во која беа Ричард Мур, генерален...
Меркел го предупреди Трамп за опасноста од „вистинска трговска војна“
Германската канцеларка Ангела Меркел го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп на опасноста од „трговска војна“ доколку САД ги спроведат заканите за воведување такси за увоз на странски автомобили.
- САД веќе предизвикаа „трговска војна“ по воведувањето такси за увоз на челик и алуминиум, но би можеле да „предизвикаат вистинска трговска војна“ со воведување данок на увоз на автомобили - рече...
Европарламентот го одобри договорот ЕУ-Ерменија
Со 573 гласа „за“ и 50 „против“, пратениците во Европскиот парламент денеска го одобрија договорот за соработка меѓу ЕУ и Ерменија, склучен во ноември 2017.
Овој договор треба да ги продлабочи односите помеѓу ЕУ и Ерменија, како на политичко, така и на економско ниво. Договорот предвидува билатерална соработка на сите клучни полиња, како трговија, енергија, транспорт, животна средина и образование.
ЕУ...
Пекинг најави контрамерки за санкциите од САД
Кина денеска соопшти дека е „целосно подготвена“ за трговска војна со САД. Царините што ги воведе Вашингтон за стока од Кина ќе стапат на сила во петок, а Пекинг најави контрамерки.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг изјави дека Кина е „целосно подготвена за пакет неопходни мерки“ за да ги зачува своите национални интереси.
- Се надеваме дека...
Ирак го повикува светот да ги прими децата на Исламската држава
Ирак ги повикува странските држави да ги примат децата на нивните државјани, борци на Исламската држава (ИД), кои моментно се во тамошните затвори, пишува весникот „Нешнл“. Ирак на тој начин повикува на репатријација на децата, односно на враќање во нивната татковина.
- Ги повикуваме сите дипломатски мисии во Ирак, да ги примат нивните државјани кои ги отслужиле затворските казни, како...
Утре без вода дел од булевар „Св. Климент Охридски“
Поради уличен дефект ф-80мм на булевар „Партизански Одреди“ 17 прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од истата улица на потегот на булевар „Св.Климент Охридски“ до булевар „Мито Хаџивасилев Јасмин“.
Како што информираат од РЦУК, прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Симона Станковска и Елена Петреска меѓу најдобрите топ модели во Либан
Симона Станковска од Скопје и Елена Петреска од Прилеп беа дел од изборот за убавина „Ворлд некст топ модел 2018“ што се одржа во Бејрут, Либан.
И двете успеаја да освојат титули, односно Елена ја освои титулата мис за Европа, а Симона е петта придружничка.
Изборот се одржа во големото студио на „МТВ Лебанон“ во Бејрут, со учество на 35 девојки...
Кривични против тројца скопјани за шверц на марихуана и недозволено поседување оружје
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Д.А. (44) и Ф.В. (18), двајцата од Скопје, осомничени за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Д.П. (48) од Скопје за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што соопшти МВР, на 12 јуни...
Бизнисмените бараат сузбивање на сивата економија
Бизнисмените бараат сузбивање на сивата економија како најголем проблем со кој се соочуваат бидејќи анализите направени од нивна страна покажуваат дека во 2018 година има масовна пререгистрација на фирмите и нивно прибегнување да работат нерегистрирано.
- Се работи за тренд кој рапидно почна да се зголемува во 2018 година. Она кое го гледаме е дека компании кои биле активни на...
Споменикот на револуцијата во Тетово бојадисан по неодамнешното вандализирање
Музејот на тетовски крај изврши санација на Споменикот на револуција кој редовно се вандализира со испишување непристојни пароли и недолични графити. Беше извршено чистење, бојадисување и санирање на оштетени делови. Во текот на мај беше извршено последното оштетување на овој споменик од народно-ослободителната борба.
-Овој споменик е честа мета на вандалски чинови и оштетувања. Освен денешната акција планираме уште повеќе...






































