„Метаморфоза“ премиерно одиграна во МОБ

Работен по концепт и кореографија на Ивана Коцевска, балетот „Метаморфоза, кој завчеравечер премиерно беше одигран на сцената на Македонската опера и балет, од почетокот го задржа фокусот на публиката на впечатливата игра на Коцевска, но и на другите млади танчари и танчарки. Работен по музика на Филип Глас и Иван Пенов, во клавирска изведба на сцената на Дино Имери,...

Рама му возврати на Лу: Апсењето на Балили неопходно, но не е и лесно

Албанскиот премиер Еди Рама денеска експресно возврати на критиките на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу околу неуспехот на албанската полиција во апсењето на „балканскиот Ескобар“, Клеменд Балили. Рама оцени дека знае оти апсењето на ова лице од светот на криминалот е неопходност, но оти тоа не е лесно. -Ја разбирам загриженоста што ја нагласи нашиот пријател, амбасадорот Лу, поврзана со...

„Биди перспективен“ ќе им помага на младите со посебни потреби

Здружението на граѓани за едукација и развој на претприемаштво, спорт и култура „Биди перспективен“ денес во Скопје ќе ги претстави своите програмски активности за едукација, професионална рехабилитација и стручна доквалификација. Во фокусот им е социјалното претприемаштво преку активни програми и мерки за издигање на свеста, социјална инклузија и активно вклучување на деца и млади со посебни потреби и сите...

Музичкиот Колумбо на Месечината

Лада Шоптрајанова Петровска Кога Дворжак ја открил американската изворна музика, го видел пред себе истото она што го видел Колумбо кога ја открил Америка - еден сосема нов свет, нова цивилизација, нова култура. За чешкиот мајстор на симфонизмот Антонин Дворжак (1841-1904) карактеристично е користењето фолклорни мотиви, цитати и парафрази во класичниот романтичарски композиторски стил. Додека живеел во родната земја, словенската музика...

Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан

Јубилејот „100 години од раѓањето на архитект Борис Чипан“ ќе биде одбележан со низа настани денеска во вилата „Уранија“ на МАНУ во Охрид. Манифестацијата почнува напладне со поздравен говор на Јован Стојановски, градоначалникот на Охрид, академик Газанфер Бајрам и Огнен Марина, декан на Архитектонски факултет и продолжува со предавања на Михаилчо Токарев, Мартин Гулески и на Михајло Волканов. Вечерта...

Фирмите тешко ги пополнуваат работните позиции

Работодавците во Бугарија се соочуваат со најголемиот недостиг од кадри од 2011 година, според истражувањето на компанијата за човечки ресурси „Менпауер груп“, во која беа вклучени над 600 компании. Вкупно 68 отсто од компаниите имаат тешкотии да ги полнат своите работни места. Најтешко на бугарскиот пазар на трудот е да се најдат добро обучени работници, инженери и возачи. Иако нивото на...

Судот дозволи истополови бракови

Софискиот управен суд пресуди во корист на брачен другар во хомосексуална двојка во Бугарија, со што му дозволи право за престој. Станува збор за брачна двојка девојки, едната е државјанка на Австралија, а другата на Франција, која има дозволен престој во Бугарија, објави младинската ЛГБТ-организација „Акција“. Австралијката од бугарските власти треба да добие дозвола за престој во Софија според директива...

Пожар на Крит, делумно ставен под контрола

Пожарот кој гори на Крит делумно е ставен под контрола, соопштија денеска локалните власти. Пожарот избувна вчера, а шефот на противпожарната служба Јанис Марангакис изјави дека изгореле околу 60 хектари шума и растенија, како и 10 хектари земјоделско земјиште. Пожарникарите се уште се на теран за целосно да го изгаснат пожарот и да спречат повторно да се разгори. Весникот „Катимерини“ вчера објави...

Србите даваат отказ во безбедносните служби

Осум припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) од српска националност, од Баталјонот за брзи интервенции, побарале демобилизација, односно прекин на договорот со ФСК, со образложение дека имаат многу голем притисок од официјален Белград, објави приштинската телевизија Клан Косова. Со осумте Срби состанок одржале заменик-министерот за ФСК, Агим Чеку, и командантот на баталјонот, Берат Шаља, кои се обиделе да ги...

Хрватите бараат наплата на судски трошоци за српските фирми

Износот за извршување на овие судски трошоци ќе падне на товар на фирмите од Србија што порано имале имот во Хрватска Српските фирми што ги изгубиле споровите за својот имот во Хрватска добиваат известувања за наплата на астрономски суми како надомест за високите судски трошоци за постапките што се воделе пред хрватските судови. Како што пишува „Вечерњи новости“, Хрватска, која...