Спасовски: Секој ќе одговара за стореното, нема да има амнестии
Не се боревме за да се амнестира криминалот направен од некој. Сакаме правда за сите и секој што се огрешил да одговара за стореното во транспаретни постапки. Никој нека не се надева на амнестија, туку да се соочи со правдата за она што го направил и тоа е европска вредност и правда мора да има за сите.
Ова го истакна...
ССК: Новата економска платформа ќе ги поврзе бизнисите на Македонија и Кина
Поврзување на над 20.000 македонски компании со кинески инвеститори треба да овозможи новата економска платформа, проект што денеска, во рамки на Економскиот форум на 7. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), го презентираше Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Платформата се однесува на кинеските инвеститори кои планираат влез на...
Македонците во Србија наесен на избори за свој Национален совет
Министерството за државна управа и локална самоуправа на Србија денеска преку соопштение ги повика припадниците на националните малцинства, меѓу кои и македонското, навреме да се информираат за постапката за упис во посебниот избирачки список, како би го искористиле правото да учествуваат на изборите за свој национален совети.
Како што се наведува во соопштението, изборите ќе бидат распишани во август, а...
Јуниорите од денеска во Маврово
Македонската машка јуниорска ракометна репрезентација, денеска заминува за Маврово, каде што во следните седум дена ќе ја реализира втората фаза од подготовките за учество на ЕХФ-шампионатот од Б-дивизијата, кој од 20 до 29 јули ќе се игра во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац на претстојното првенство ќе се борат за освојување на првата позиција...
Борисов: Иницијативата „16 плус 1“ има цел да ја зајакне Европа
Самитот на Кина со земјите од Централа и Источна Европа има за цел да ја зајакне Европа и да им овозможи на помалку развиените членки на ЕУ да ги достигнат поразвиените, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на отворањето на Седмиот самит на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа (16 плус 1).
- Со дополнителните финансии од...
Наташа Милованчев изложува во Загреб
Македонската ликовна уметница Наташа Милованчев се претставува првпат самостојно во Загреб, во галеријата „Курија“ при музејот „Пригорјаво“, со изложба под наслов „Промислувајќи го просторот“. Поставката ја чинат 25 дела/слики од циклусите „Кодови и кругови“ и „Кодирани предели“. Делата се работени во техника акрил и комбинирана техника на платно, а публиката ќе може да ги види во текот на јули.
-...
Нова македонска апликација што ви овозможува вести и информации од проверени извори
Квантитетот на информациите што секојдневно стигнуваат до нас придонесува за сè потешко распознавање и правење разлика помеѓу вистинските и лажните вести, како и за веродостојноста на изворите и медиумите што ги нудат овие вести. ГРИД (GRID) претставува модерна и иновативна алатка со која читателите сами можат лесно да ја воочат разликата меѓу лагата и вистината што се пласира во...
Делата на македонските и на грчките уметници во „Чифте-амам“
Шест познати грчки уметници и петмина од Македонија, инспирирани од убавините на Струга и околината, неколку дена твореа на првата македонско-грчка ликовна колонија „Културен мост“ што се одржува во организација на здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје. Меѓу гостите од Грција се петмина сликари и еден скулптор. Додека од македонските уметници има четворица сликари и еден скулптор, придружувани од...
Заев: Со здружени напори земјите од ЦИЕ можат да привлечат нови инвестиции
Со здружени напори 16-те земји од Источна и Централна Европа можат да ја унапредат размената и движењето на луѓето, добрата и услугите, искуствата и да ја користат експертизата и знаењето од НР Кина во овие процеси, но истовремено и да го направат овој регион атрактивна и примамлива дестинација за нови инвестиции на кинеските компании и примамлива туристичка дестинација за...
Во Русија наидовме на одличен прием
Ѓорѓиев, кој е познат и како пантомимичар, посочува дека на 11-от „Панфиз“, кој денеска почнува во Скопје, првпат ќе се одржува и буто-работилница
Вашето име деновиве е директно поврзано со два различни, значајни културни настани, гостувањето на театарот „Бора Станковиќ“ од Врање со претставата „Три сестри“ на Чехов на фестивал во Омск, Русија, во ваша режија, и 11-от фестивал на...







































