Варан и Модриќ се во трка и по титулата и по две „златни топки“?

Французинот Рафаел Варан и Хрватите Лука Модриќ и Матео Ковачиќ се единствените фудбалери што по Светското првенство (СП) во Русија можат да заминат дома со уште еден вреден трофеј за годинава, покрај европската клупска титула што ја освоија со Реал Мадрид во мај. И двете репрезентации играат во полуфиналето, со теоретска можност да се сретнат и во мечот за...

Русија ќе евакуира 1.000 луѓе од зона за деескалација во Сирија

Руската армија планира да евакуира околу илјада луѓе од југозападната зона за деескалација во Сирија по хуманитарниот коридор во близина на градот Дара. Евакуираните лица ќе бидат сместени во северната сириска провинција Идлиб. - Бројот на села и градови кои се приклучија на примирјето во Југозападна Сирија се зголеми на 90 - соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во...

СП 2018 – самрак за многу селектори

Поради слаби резултати, но и други причини, по настапот на СП 2018 селекторското столче го напуштија Хектор Купер, Оскар Рамирез, Адам Навалка, Берт ван Марвијк, Рикардо Гарека, Акира Нишино, Фернандо Јеро и Оскар Табарез, а неизвесна е судбината и на Хорхе Сампаоли... Неуспешните резултати со репрезентациите на Светското првенство во фудбал во Русија беа основна причина повеќе селектори предвреме да...

Бразилците со камења дочекани во татковината

Бразилски навивачи го каменуваа автобусот со кој фудбалската репрезентација се врати во земјата по настапот на Светското прванство во Русија. Бразил беше елиминиран од Белгија во четвртфиналето и тоа очигледно некои од тамошните фанови не можат да го преболат. Видеото што кружи на Интернет покажува како навивачите го сопреа автобусот и по него фрлаат камења и други предмети, а потоа полицијата...

Јужна Америка пак барем 20 години ќе биде без нова титула

И на четвртото Светско првенство (СП) по ред титулата ќе остане во Европа, односно репрезентациите од Јужна Америка ќе мора да причекаат најмалку уште четири години (до СП во Катар во 2022 година) за освојување на трофејот. Бразил беше последниот светски првак од Ј. Америка, во 2002-та. Бразилците, кои се најтрофејни, со пет титули светски првак, се единствените од...

Дел од Кавадарци без вода поради дефект

Дел од Кавадарци утрово остана без вода за пиење поради дефект на водоводната мрежа. - Се работи за улиците „Игман”, „Словенска”, „Козара”, „29 Ноември” и други кои гравитираат во тој регион - појаснуваат од Јавното претпријатие „Комуналец”. Оттаму нагласуваат дека интензивно се работи на терен, а водоснабдувањето таму, ќе биде нормализирано во 15 часот.

Луковски: Првиот чекор е направен, клубовите се на потег

Овој прв позитивен потег, секако, ќе нема понатамошни резултати ако се остане само на ова. Затоа е потребно да се создаваат и млади квалитетни тренерски кадри, кои, пак, мошне трпеливо ќе работат со младите талентирани кошаркари во своите клубови, вели Луковски, стручен советник во КФМ Еден од потребните чекори за напредок на македонската кошарка е направен, сега се на ред...

Крис Фрум сам против сите на Тур

Многумина гледачи на големиот екран, поставен на целта, со одушевување го проследиле паѓањето на Фрум во првата етапа, на официјалната промоција пред старот на трката беше исвиркан, а, згора на тоа, доби и закани на социјалните мрежи Британецот Крис Фрум, четирикратниот победник на велосипедската трка Тур де Франс, падна во првата етапа на годинашното 105-то издание. За негова среќа, станувало...

ГМО-држава

Деновиве читам колку се опасни по здравјето и животот ГМО-храната, зеленчуци и овошје. Смртоносни. И на кутиите цигари пишува дека се смртоносни, ама оди кажи им го тоа на пушачите. Еден мој пријател од Преспа (не грчката, не албанската, туку засега, до Нова година - македонската Преспа) тврди дека јаболката, додека дојдат на маса, се прскаат 28 пати! Сите...

Политичката приказна за Пинокио

Пинокио, ликот од истоимената детска бајка, сѐ почесто станува редовен прекар за премиерот. Се поставува прашањето дали ваквиот третман е повеќе (не)фер кон Заев или кон Пинокио. Повозрасните сигурно се сеќаваат на американизираната верзија за (безгрешното) создавање на куклената играчка од стариот Џепето и нејзиниот среќен крај. Пинокио е наивно и добродушно „дете“, но штом отвори уста - лаже!...