Напаѓач со нож се заканувал на северот на Франција, полицијата го ликвидирала

Француски полицајци ликвидирале маж кој се обидел со нож да нападне луѓе во град во северна Франција, јави локалниот весник „Курие Пикар“. Според весникот, екстремистот извикувал „Алах Акбар“ („Алах е голем“). Минувачите кои го виделе побрзале да се скријат во своите домови. Потоа, напаѓачот почнал со ножот да удира по паркираните автомобили. Очевидци изјавиле дека напаѓачот бил „исклучително агресивен“ и „изгледал...

Помпео бара мирни преговори меѓу авганистанските власти и талибанците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во ненајавена посета на Авганистан, го повтори повикот на администрацијата на Трамп за мирни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците. Помпео ова го изјави на состаноците со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и шефот на извршната власт Абдула Абдула. Помпео рече дека САД се залагаат за поддршка на мировен процес под покровителство на авганистанските власти...

Заев-Смит: На референдумот македонските граѓани ќе ги одобрат политиките што водат кон ЕУ и НАТО

Со новите вредности во соседската и регионална политика, како и со унапредувањето на демократскиот амбиент, Република Македонија доби соодветно признание со датумот за преговори со ЕУ и со најавеното активирање на поканата земјата да стане 30-та членка на НАТО, рече денеска извршниот директор на Фондацијата за демократија Вестминстер од Велика Британија Ентони Смит. На средбата со премиерот Зоран Заев, во...

Тајани: Либија да формира „црна листа“ на шверцери на мигранти

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани за време на денешната посета на Триполи ја истакна потребата да се направи црна листа на главните шверцери на мигранти, со цел успешна борба против трговијата со луѓе во Европа и Африка. - Треба да се создаде „црна листа“ на големите шверцери, врз чија основа полицијата и безбедносните служби во Африка и Европа ќе...

Димитров: Целта не е формално членство во ЕУ, туку Македонија да стане вистинска европска земја

Првото големо ветување на актуелната македонска Влада минатата година беше дека ќе ја воведат Македонија во Европа. Меѓутоа, крајната цел за Македонија не е формално членство кон ЕУ, туку таа да стане вистинска европска земја со вредности како што се слобода на медиуми, независно судство, активно граѓанско општество, одговорни политичари. Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров...

Античкиот локалитет „Стибера“ продолжува да фасцинира

Три мермерни блока со натписи на грчки алфабет се откриени на градба на античкиот локалитет „Стибера“ кај прилепското село Чепигово. Според археологот Душко Темелкоски од прилепскиот „Завод и музеј“ кој ги предводи годинашниве истражувања, по пронајдените мермерни статуи, станува збор за сѐ уште таинствена градба веднаш до храмот на богињата Тихе- заштитничка на „Стибера“. - Станува збор за три мермерни блока...

Британија со 10 милиони фунти ќе го помага развојот на дигитални вештини на Западен Балкан

Велика Британија денеска најави дека ќе издвои средства во висина од 10 милиони фунти за развој на дигитални вештини и вработување на младите во земјите од Западниот Балкан. На првиот ден од Самитот за Западниот Балкан, во присуство на министрите за надворешни работи од ЕУ и Западен Балкан, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон објави дека Британскиот совет ќе спроведе...

Федерер избори четвртфинале на Вимблдон

Осумкратниот шампион на Вимблдон, Швајцарецот Роџер Федерер се квалификуваше по 16-ти пат во четвртфиналето на Отвореното првенство на Велика Британија во тенис. Првиот носител и бранител на титулата од минатата сезона, Федерер го победи Французинот Адријан Манарино (22 носител) со 6:0, 7:5, 6:4 по 105 минути игра и ја продолжи серијата од 32 последователни освоени сета на Вимблдон. Триесет и шестгодишниот...

Потпретседателот на грчкиот Парламент Димитрис Каменос поднесе оставка

Откако ја поддржа иницијативата на опозициската Нова демократија за гласање недоверба на Владата на Грција, по што беше и исклучен од неговата партија Независни Грци, потпретседателот на грчкиот Парламент, Димитрис Каменос денеска поднесе оставка од функцијата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Каменос за одлуката со писмо го известил претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, во кое ги објаснува...

Ромео: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО

Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел, а процесот на зачленување ќе заврши во предвидениот рок, рече денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео на средбата со министерот за дијаспора Едмонд Адеми. Како што соопшти Кабинетот на Адеми, Ромео изрази интерес за актуелните активности на Владата во процесите на НАТО и евро-интеграциите, истакнувајќи ја целосната поддршка...