Скромноста и талентот му донесоа милиони на Јокиќ
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (23) останува тивок, скромен и резервиран, и по потпишувањето на петгодишниот договор вреден 146 милиони долари со НБА-клубот Денвер нагетс, слично како што се однесува и на паркетот откако ќе направи атрактивно додавање, пренесува весникот „Денвер пост“.
Талентираниот центар стана најплатениот српски, а веројатно и балкански спортист, откако доби значително зголемување на платата во однос на...
Двете истовремени македонски владетелства
ЗОШТО САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО БИЛО СЛОВЕНСКО И МАКЕДОНСКО? (4)
По повод 1.000 години од падот на Самуиловото македонско царство (1018 -2018), доктор Илија Велев, како редовен професор по предметите Византиска култура и Кирилометодиевистика и културно наследство во Институтот за македонска литература и научен советник во Одделението за средновековна македонска книжевност, во неколку продолженија ќе ги образложи историографските елементи од овој мошне...
Од поплави и свлечишта 156 жртви во Јапонија
Поплавите и свлечиштата, предизвикани од обилните дождови во западниот дел на Јапонија, однесоа животи на 156 лица, соопшти јапонската влада.
Тоа е најголема катастрофа, поврзана со метеоролошки феномен на архипелагот, од 1982 година.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе утре ќе ги посети засегнатите региони, изјави портпаролот Јошихиде Суга.
Холивуд не губи време, подготвува филм за спасувањето на тајландските деца
Во Холивуд не губат време, за што доказ е доаѓањето на двајца американски продуценти на Тајланд, каде што е во тек акцијата за спасување на деца од потопената пештера, пишува денеска Би-Би-Си.
Мајкл Скот и Адам Смит од филмската компанија ПјурФликс пристигнаа во Там Луанг и веќе разговараат за можен филмски проект, пренесе новинската агенција ААП.
- Тука ќе дојдат и...
Концерт на Младински светски џез оркестар во кино „Фросина“
Младинскиот светски џез оркестар ((JM World Jazz Orchestra) предводен од американскиот диригент Луис Бонила вечер (20:00) ќе одржи концерт во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.
Концертот, кој е дел од програмата на „Скопско лето“ требаше да се одржи синоќа во Сули ан на Факултетот за ликовни уметности, беше одложен поради нестабилните временски услови и појава на дожд, информираат од...
Децата најчесто се жртви на насилство во виртуелниот свет
Насилството врз децата во виртуелниот свет најчесто останува непријавено поради страв и информатичка необразованост на родителите и на наставниците во однос на овој проблем. Ерата на Интернет, и сите позитивни ефекти што во современото општество стануваат основна алатка за работа и незаменлив канал за комуникација, носи со себе и извесна доза опасност.
Злоупотреба на претходно набројаните позитивни ефекти можат да...
Спасовски: Размената на информации клучна за борба против актуелните закани
Меѓународната соработка и размената на навремени и точни информации е клучна активност која придонесува кон зголемена ефикасност во борбата против актуелните безбедносни закани и предизвици, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Самитот во Лондон што се одржува во рамки на Берлинскиот процес.
-Свесни за ова, институциите надлежни за спроведување на законот во Република Македонија спроведуваат мерки и...
Моќта на аргументите или аргументот на моќта?
Православната јавност ја поставува дилемата кој би бил исходот од целата оваа меѓуцрковна дипломатија на РПЦ и на Вселенската патријаршија. Главното прашање е кој од оваа жестока дипломатска офанзива би бил поразен, дали тоа би бил вселенскиот патријарх или, пак, московскиот патријарх, и како би се одразило тоа врз православниот свет, конкретно врз црквите што бараат автокефалност. Аналитичарите го...
Зошто Преспанскиот договор не е ниту преспански ниту договор
Чудно што спогодбата ниедно официјално лице, дури ниту еден медиум не ја нарекува или не се осмелува да ја нарече македонско-грчка или грчко-македонска спогодба. Не е познато дали е тоа некоја тивка, интерна насока од страна на Владата до политичарите и до нејзините блиски медиуми, дали е постигната премолчена согласност да не се крева многу прав со понагласена употреба...
Музејот „Ламборгини“ е светилиште на брзи суперавтомобили
Музејот „Ламборгини“ или на италијански „Музео Ламборгини“ е отворен во срцето на фабриката и главното седиште на овој светски познат бренд во местото Сантагата Болоњезе, во близината на градот Болоња во 2000 година. Музејот е отворен по само две години откога германскиот гигант „Ауди“ го купи италијанскиот произведувач и брзиот развој на компанијата не е само обична коинциденција. Една...







































