Графенот – материјал на 21 век, може да се произведува и кај нас
Науката и технологијата за наноструктурите e широка и интердисциплинарна област на истражување и развојни активности, која е во рапиден пораст во светски рамки во изминатите неколку години. Поради нивните извонредни механички, електрични, оптички и топлотни карактеристики, тие привлекуваат посебно внимание во сите области на научното истражување и на индустрискиот развој
Во Македонија веќе постои технологија, со која може да се...
Ќе изостанат очекуваните прегратки за спасените деца
Спасените деца ги очекуваат големи предизвици и по излегувањето од мрачната пештера Там Луанг во Тајланд, за да се вратат во секојдневниот живот, пишува британски „Гардијан“.
Здравствените ризици ја одложија средбата на момчињата со нивните родители, бидејќи лекарските прегледи треба да осигураат оти тие немаат здравствени проблеми опасни по нивната околина.
Претставникот на одделот за здравство на Тајланд, Тонгчаи Лертвилаиратанапонг, им...
Скока вредноста на македонскиот денар
Монетата од еден денар, на која е изгравиран македонскиот шарпланинец и пишува Република Македонија, а е пуштена во употреба во 1997 година од страна на НБРМ, на интернет-страницата за трговија И-беј се продава за неверојатни 20 долари, па и многу повеќе. Следејќи го овој пример, слична е ситуацијата и со банкнотите од 100, 200 и 5.000 апоени на НБРМ,...
Спасено претпоследното дете од пештерата во Тајланд
Вкупно 11 деца досега се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.
Во пештерата засега останува едно дете, тренерот и уште четири лица.
Спасувачката операција трае три дена, и секој ден досега беа извлекувани по четири момчиња.
Шефот на спасувачката операција Наронгсак Осотанакорн соопшти дека во пештерата заедно со момчињата и нивниот...
Господинот Брегзит поднесе оставка
Дејвид Дејвис, британскиот министер и главен преговарач за брегзит меѓу Лондон и Брисел, поднесе оставка од функцијата зашто повеќе не верувал во планот за излегување на Британија од ЕУ што го усвои британската влада. Оставката на Дејвис, наречен Господин Брегзит, фрла нова сенка врз и онака хаотичните преговори меѓу Британија и ЕУ, оценуваат аналитичари во Брисел.
Дејвис во писмо до...
Умре Британката затруена со „новичок“
Британката Даун Старџес (44), која беше изложена на нервниот агенс „новичок“, завчеравечер починала во болница во Салсбери, Англија. Полицијата поведе истрага за убиство на жената, чија здравствена состојба се влоши во изминатите денови откако беше изложена на 30 јуни. Чарли Роули (45), кој е затруен со истиот нервен агенс, и понатаму се бори за живот во болница, јави Би-би-си.
Британската...
Доналд Трамп е државник со најмногу следбеници на Твитер
Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најмногу следбеници на Твитер, пред папата Франциск и индискиот премиер Нарендра Моди, се наведува во годишниот извештај на „Твипломаси“ на консултанската куќа БЦВ.
Трамп во октомври минатата година го претекна папата и сега е на водечкото место на таа листа со 52 милиона следбеници. Папата има 47 милиони.
Индискиот премиер Моди со 42 милиона...
Робертсон: Храброто лидерство и успешните реформи доведоа до напредок на Македонија
Напредокот на Македонија немаше да биде можен ако не беше храброто лидерство и успешната реализација на реформите, порачаа денеска претставниците на Охридската група, пријатели и поддржувачи на Македонија, предводени од сер Џорџ Робертсон на средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон.
Како што соопшти владината прес-служба, поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд...
Најмалку 100 жртви во поплави во Јапонија
Најмалку 100 лица настрадаа во поплави предизвикани од поројни дождови што го погодија југозападниот дел на Јапонија. Силните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, па многу жители останаа заглавени поради блокираните патишта, наспроти повиците за евакуација на речиси шест милиони луѓе. Во спасувачките напори учествуваат десетици илјади полицајци, војници, пожарникари и медицински лица. Властите наведуваат дека уште 50 лица се...
Среќен крај на пештерската голгота?
Вкупно осум момчиња досега се извлечени од пештерата во Тајланд. Извори на Си-ен-ен што учествуваат во спасувањето вчера изјавија дека операцијата привремено ќе биде прекината и дека преостанатите четири деца и тренерот ќе мора да почекаат уште најмалку еден ден под земја за да се заменат испразнетите боци со кислород
Уште четири момчиња вчера беа спасени во ризичната и сложена...







































