Готемолер: Македонија е на прагот на НАТО

Веќе се подготвуваат драфт документите за да може да се почнат разговорите со претставници во министерствата. Тоа ќе трае неколку месеци, обично три или четири. Во тој момент ќе го имаме т.н. пристапен протокол подготвен и тој ќе биде испратен до сите 29 парламенти и законодавни домови на државите-членки на НАТО за да биде ратификуван во секој од нив....

Меркел: Западниот Балкан треба „да се опреми“ со европерспектива

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Самитот за Западен Балкан во Лондон се заложи за приближување на западнобалканските земји кон ЕУ, нагласувајќи дека регионот треба „да се опреми“ со европска перспектива. Меркел нагласи дека таа е целосно посветена на европерспективата на регионот и покрај противењето на некои членки на ЕУ на брзо проширување на блокот.   Германската канцеларка нагласи дека главна цел...

Мирен протест пред Собрание „Правда за Саздо“

Започна мирниот собир пред Собрание, кој неофицијално беше најавуван преку социјалните мрежи, во чест на загинатиот Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше брутално претепан од тројца насилници, а вчера им подлегна на повредите. Револтираните граѓани повикуваат сите навивачки групи да се обединат и да застанат сложно во одбрана на нашата татковина и од секојдневните напади кон сите нас и...

Заев- Могерини: ЕК останува целосно посветена во поддршката за нашата земја во новата фаза на реформите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како дел од своите активности за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, оствари средба и со Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.   Нa средбата, на која присуствуваа и Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и советниците...

Заев: Република Македонија има посебно место на Самитот во Лондон како земја лидер во регионот

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан истакна дека се работи за респектибилен собир кој оваа година беше посветен на Регионалната економската соработка како суштински дел од интегративните процеси на Европската унија, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните...

Роналдо: Реал секогаш ќе остане во моето срце

Кристијано Роналдо по девет години минати во Реал Мадрид преминува во Јувентус во трансфер вреден 105 милиони евра. Роналдо по официјализирањето на трансферот објави проштално писмо. - Годините поминати во Реал и Мадрид се веројатно најсреќниот период во мојот живот. Сакам да му се заблагодарам на клуб и целиот град за љубовта и вниманието кое ми го пружија. Меѓутоа, дојде време...

Британецот затруен со нервен отров се освести

Болницата во британскиот град Солсбери информираше дека Чарлс Роули, еден од двете лица затруени со нервниот отров „Новичок“ минатата недела, се освестил. Роули беше затруен заедно со неговата девојка, Дон Старџис, која почина. Се претпоставува дека двајцата дошле во контакт со игла на која имало траги од „Новичок“. Британските власти ја обвинуваат Русија за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и...

Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ

Самитот за Западен Балкан во Лондон докажува дека Европската Унија продолжува да ја зајакнува соработката со регионот со јасна посветеност и конкретни мерки, фокусирајќи се на три клучни обласи на соработкате - економијата, безбедноста и помирувањето, оцени високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Во обраќањето на Самитот во Лондон, Могерини истакна дека изминативе години „сите...

Ослободен од притвор предизвикувачот на инцидентот со дронот на фудбалскиот меч во Белград

Италијанските власти го ослободија од притвор Исмаил Морина, попознат како Балист, кој управуваше со беспилотното летало со знаме на Етничка Албанија над стадионот во Белград за време на квалификацискиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во октомври 2014 година, по што избија серија насилства на теренот. Веста за ослободувањето ја соопшти самиот Морина на Фејсбук, каде објави и негова фотографија заедно...

Француска поддршка за имплементација на Договорот од Преспа на Самитот во Лондон

Франција дава целосна поддршка на имплементација на неодамнешниот договор меѓу Грција и Република Македонија во врска со името, е ставот кој ќе го пренесе шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан на Самитот од Берлинскиот процес посветен на Западен Балкан, кој се одржува во Лондон.  Како што се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес...