Сончево и топло со слаб северозападен ветер
Претежно сончево и топло со слаб северозападен ветер, предвидуваат метеоролозите за денеска.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 36 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 34 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.
В петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе...
Хрватска во финале против Франција
Голот на Марио Манџукиќ постигнат во 108-та минута од првото продолжение и донесе победа на Хрватска од 2-1 против Ангија, во полуфиналето на Светското првенство во Русија.
Продолженијата од по 15 минути беа клучни во натпреварот меѓу Хрватска и Англија, откако натпреварот по регуларните 90 минути заврши 1-1.
Француската репрезентација во недела ќе игра против Хрватска во финалето на Светското првенство...
Нетанјаху: Ќе го спречиме секој обид за нарушување на израелските граници
Израел ќе ги спречи сите обиди за нарушување на своите граници, било од копно, било од воздух, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Претходно, Израел лансираше пресретнувачка ракета Патриот на дрон, кој според Нетанјаху, дошол од Сирија.
- Сакам да нагласам дека ќе се спротиставиме на сите обиди за нарушување на нашите воздушни...
Трамп го уверил Макрон дека „нема јаз“ во односите помеѓу Европа и САД
Претседателот на САД, Доналд Трамп го увери францускиот колега Емануел Макрон, дека „нема јаз“ во односите помеѓу Европа и САД и покрај тензиите на Самитот на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од Елисејската палата.
Средбата помеѓу Трамп и Макрон траела околу 40 минути, при што американскиот претседател ја истакнал личната приврзаност кон Европа и испратил „позитивни и конструктивни...
НАТО: Да се задржи притисокот врз Северна Кореја
Лидерите на НАТО денеска ги повикаа сите држави да го задржат „одлучувачкиот притисок“ врз Северна Кореја, вклучително и целосна примена на санкциите на Обединети нации, со цел да го убедат Пјонгјанг да се откаже од своето нуклеарно, хемиско и биолошко оружје.
Во декларацијата од Самитот, потпишана од 29 лидери на земјите членки на НАТО, се искажува целосна поддршка на целта...
НАТО посветен на договорот за издвојување за одбраната
Лидерите на НАТО ја потенцираа „непоколебливата посветеност“ на договорените цели за издвојување за одбраната и изразија загриженост поради, како што наведуваат, заканите што ги претставува Русија, Иран и Северна Кореја.
- Посветени сме на подобар баланс, кога станува збор за поделба на трошоците и одговорностите на членството во Алијансата- се посочува во соопштението од Самитот на НАТО во Брисел.
Сојузниците во НАТО...
Квалификации ЛЕ: Работнички го победи Хонвед во Скопје
Екипата на Работнички го совлада унгарски Хонвед 2:1 (1:1) на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје во квалификациите за Лигата на Европа.
Работнички поведе преку Петар Петковски, кој беше прецизен во 34-тата минута.
Гостите израмнија непосредно пред одморот, кога во 45-тата минута, Наѓ постигна гол од речиси триесетина метри.
„Романтичарите“ ја вратија предноста во 60-тата минута, кога погоди Николче Шаркоски, со...
Ѓукановиќ: Поканата од НАТО за Македонија е важна одлука и за Подгорица
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека поканата за Македонија да почне пристапните преговори со НАТО е важна одлука и за Подгорица.
- Се радувам што Северна Македонија ќе стане нова членка на НАТО, истакна Ѓукановиќ.
Тој додаде дека со приемот на нови членки во Алијансата се зајакнува стабилноста на Западен Балкан, туку и на Европа и на НАТО...
Заев со уверување дека повеќето граѓани ќе гласаат позитивно на референдумот (видео)
Премиерот Зоран Заев денеска, откако Македонија ја доби поканата да почне преговори за влез во НАТО, на првиот ден на самитот на Алијансата во Брисел, ирази уверување дека повеќето граѓани на Македонија ќе гласаат позитивно на претстојниот референдум за Договорот со Грција за името.
Учествуваќи како говорник на конференцијата „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“ Заев истакна дека откако...
Мас: Германија не е заробеник на Русија
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска реагираше на критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин е „заробеник“ на Русија, нагласувајќи оти Германците не се заробеници ниту на Москва ниту на Вашингтон.
- Ние не сме заробеници ниту на Русија ниту на САД. Ние сме еден од гарантите на слободниот свет и тоа така ќе остане, истакна Мас на...







































