Македонија поканета во НАТО, претстои период на исполнување на обврските

Лидерите на 29-те земји членки на НАТО вчера на првиот ден на Самитот во Брисел одлучија да ја поканат Македонија да почне преговори за членство, а поканата официјално денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе му ја врачи на премиерот Зоран Заев на свечена церемонија во седиштето на најголемиот воено-политички сојуз во светот. Со тоа се отвора патот Македонија да стане...

По Самитот на НАТО Доналд Трамп во посета на Лондон

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по завршувањето на Самитот на НАТО, ќе отпатува во прва официјална посета на Велика Британија, каде ќе се сретне со премиерката Тереза Меј и со кралицата Елизабета Втора. Фокус на разговорите ќе бидат трговските односи со Лондон, кој сака да потпише договор за слободна трговија со Вашингтон по излегувањето од ЕУ во март 2019 година. Велика...

Исчезна англиски навивач, полицијата ги проверува информациите

Навивачот на англиската фудбалска репрезентација Даглас Моретон, исчезна во Русија за време на Светското првенство 2018 година. Роднините не можат да го најдат. Човекот последен пат беше виден во Самара на 6 јули. После тоа, тој не бил достапен за комуникација, но била употребена неговата кредитна картичка во Москва. Според Ројтерс, навивачот отишол на натпревар од четвртфиналето што Англија го играше...

Бугарското МНР ја поздрави поканата до Македонија за НАТО

Ја поздравуваме одлуката од самитот  на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата - решавачкиот чекор кон нејзината евроатлантска припадност, се посочува во соопштение на бугарското МНР, лиферувано од БТА. „Ја поддржуваме одлучноста на Владата во Скопје да продолжи со примена на реформите и со зацврстување на добрососедските односи“, се наведува во соопштението. Од наша страна, продолжува бугарското...

Во Кривичен три рочишта на СЈО, „Траекторија“, „Труст и „Тарифа“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, „Труст и „Тарифа“. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија...

Свечено отворање на 58. издание на Фестивалот „Охридско лето“

Охрид од вечерва се до 20 август ќе ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи Фестивалот „Охридско лето“. Повеќе од 800 уметници од 27 земји од целиот свет по 58-ми пат наредните месец и половина ќе музицираат, глумат, творат на неколкуте фестивалски сцени во Охрид... Во текот на престојните фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на...

Сончево и топло со слаб северозападен ветер

Претежно сончево и топло со слаб северозападен ветер, предвидуваат метеоролозите за денеска. Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. В петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе...

Хрватска во финале против Франција

Голот на Марио Манџукиќ постигнат во 108-та минута од првото продолжение и донесе победа на Хрватска од 2-1 против Ангија, во полуфиналето на Светското првенство во Русија.  Продолженијата од по 15 минути беа клучни во натпреварот меѓу Хрватска и Англија, откако натпреварот по регуларните 90 минути заврши 1-1.  Француската репрезентација во недела ќе игра против Хрватска во финалето на Светското првенство...

Нетанјаху: Ќе го спречиме секој обид за нарушување на израелските граници

Израел ќе ги спречи сите обиди за нарушување на своите граници, било од копно, било од воздух, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Претходно, Израел лансираше пресретнувачка ракета Патриот на дрон, кој според Нетанјаху, дошол од Сирија. - Сакам да нагласам дека ќе се спротиставиме на сите обиди за нарушување на нашите воздушни...

Трамп го уверил Макрон дека „нема јаз“ во односите помеѓу Европа и САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп го увери францускиот колега Емануел Макрон, дека „нема јаз“ во односите помеѓу Европа и САД и покрај тензиите на Самитот на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од Елисејската палата. Средбата помеѓу Трамп и Макрон траела околу 40 минути, при што американскиот претседател ја истакнал личната приврзаност кон Европа и испратил „позитивни и конструктивни...