Сугаревски: Во Крива Паланка и регионот ќе се инвестираат околу половина милијарда евра
Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. На средбата присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, а се разговараше за проектите кои тековно се имплементираат во општината периодов и тоа што следува во претстојниот период на инвестициски план.
Сугарески изрази задоволство од проектот на Министерство за транспорт и...
Денешните елити не го читаат Крлежа бидејќи пишува сѐ за нив
Српскиот режисер Златко Паковиќ за хрватски „Форум“
Во лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ во Загреб, на 6 јули, премиерно е одиграна претставата „Крлежа, или што ќе ни се нам знамињата и што сме им ние на знамињата, што за нив така плачеме“. Станува збор, всушност, за авторски проект на неуморниот белградски режисер Златко Паковиќ, кој минатата година во Задар ја постави...
Сопругата на Полански ја одби Академијата за филмска уметност на САД
Емануела Сење, француска глумица и сопруга на режисерот Роман Полански, одби да стане членка на американската Академија за филмски уметности и науки. Таа ја обвини академијата за лицемерство, бидејќи пред неколку месеци од членството го исклучи нејзиниот сопруг, поради кодексот на однесување донесен откако во јавноста се појавија низа обвинувања за сексуално вознемирување и злоупотребување во филмската индустрија.
- Отсекогаш...
Премиера на претставата „Подигни ме“
Претставата „Подигни ме“, во режија на Македонка Илиевска и Златко Митрески, премиерно ќе биде одиграна вечерва во 20 часот во центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш. Претставата е плод на лични преживувања на Овашенко како рекламен агент во голема рекламна агенција и одблиску го познава тој модерен начин на живот. Ја открива по интересен начин виртуелната реалност, која...
Жоакин Феникс ќе биде новиот Џокер
Жоакин Феникс ќе го толкува Џокер, познатиот негативец од стриповите „Бетмен“ и од истоимениот филмски серијал. Во најновиот филм токму тој, Џокер ќе биде главен лик, објави „Холивуд рипортер“.
Приказната ќе раскажува за почетоците - како Џокер станал психопат, криминалец и убиец, и веројатно ќе биде заснована на стрипот на Алан Мур и Брајан Боланд - „Убиствената шега“.
Претходно, се шпекулираше...
Претставување на две книги на Ирена Павлова де Одорико
Поемата „Љубовта на Марија од Магдала“ и збирката „Просветлени песни“, двете поетски книги на Ирена Павлова де Одорико, кои излегоа од печат неодамна, ќе бидат претставени утревечер во 19 часот со перформанс во Младинскиот културен центар во Скопје. Павлова неколку години живее во Венеција, Италија, но како дводомен автор твори во рамките на македонската и италијанската култура.
„Љубовта на Марија...
Измамени мигранти од Ирак оставени на бензинска пумпа
Припадници на граничката полиција фатија 13 мигранти од Ирак завчера изутрината во близина на бензиската пумпа на автопатот Куманово-Табановце.
Мигрантите се фатени по добиени оперативни сознанија за криумчарење на мигранти од страна на полициски службеници од гранична полиција - Регионален центар - Север.
Мигрантите биле без документи, деветмина од нив биле мажи, две жени и две деца. Тие се движеле во...
„Танцувачка терапија“ пристигнува во кината
Британскиот филмски и телевизиски режисер Ричард Лонкрејн го претставува својот најнов проект, романтичната комедија „Танцувачка терапија“, кој ја раскажува приказната за една средовечна жена, на која ѝ се руши светот во моментите на пензионирањето. Оваа британска комедија изобилува со смеа, солзи, танцување и нови сознанија за средните години, со порака дека никогаш не е предоцна да се најде вистинска...
Холивуд ќе снима филм за спасувањето на тајландските момчиња
Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, додека беше во тек акцијата за спасување на момчињата што беа заробени во пештерата, јави Би-би-си.
Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата „Пјур-Фликс“ веќе разговарале за можен филмски проект. Прашан дали нивниот потег е невкусен, со оглед на драмата за која се заинтересира целиот свет, Смит изјави: „Ќе дојдат и други продукциски...
Патувачкото кино на „Македокс“ во струшкиот регион
Со проекција на документарни филмови во непосредна близина на манастирскиот комплекс „Мала Богородица“ во Калишта почнува деветтото патувачко кино на „Македокс“, кое годинава се одржува од 12 до 25 јули во струшкиот регион. Покрај Калишта, на мапата на патувачкото кино се и селата Радолишта (13 јули), Октиси (14 јули), Мислодежда (15 јули), Ташмаруништа (20 јули), Радожда (21 јули), Мали...







































