Концерт на британскиот акапела секстет „The Queen’s Six“ во рамки на „Охридско лето“
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва предвидува концерт на британскиот акапела секстет „The Queen’s Six“ што ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“.
Членовите на секстетот се дел од професионалните пејачи, наречени Lay Clerks на капелата „St. George“, кои живеат и работат во дворецот Виндзор.
Членувањето во таков вокален колектив бара особено високи музички стандарди, оттаму...
Почнува 45. Галичка свадба
Со поставување на свадбарското знаме денеска во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина ќе почне 45. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата.
Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски. Тие се избрани во конкуренција од четири пара. Лепческа од својата петта година учестува на манифестацијата, а...
Македонија го слави добивањето на покана за членство во НАТО
Под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ денеска во 15 градови низ државата ќе биде прославено добивањето на поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО.
Големата граѓанска прослава ја организира Владата на Република Македонија, а најавен е настап на околу 40 македонски музички ѕвезди меѓу кои Кирил Џајковски, Архангел, Дејан Декс, Дуке Бојаџиев, Горан Кан,...
Сончево со повремено засилен северозападен ветер
Сончево време со мала облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието ќе преовладува денеска во Македонија.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а...
Формирањето на ДИК и референдумот приоритети во следниот период
Формирањето на новиот состав на Државната изборна комисија и одржувањето на референдумот се прашањата на кои во следниот период ќе бидат фокусирани политичките чинители во државата.
Премиерот Зоран Заев вчера најави дека дебатата во врска со референдумот и сите прашања поврзани со него, меѓу кои и формирањето на ДИК, ќе почне кон крајот на овој месец.
- Прво треба да се...
Заев: Идната недела доаѓа Хан, почнува скрининг процесот
Следната недела со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан почнува скрининг процесот, истакна вечерва премиерот Зоран Заев пред граѓанските организации со кои имаше консултативна средба во Владата.
- Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за којшто...
Русија се надева на постепено нормализирање на односите со САД по Хелсинки
Од кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин велат дека тој се надева на постепено нормализирање на односите меѓу САД и Русија, по самитот во Хелсинки на кој Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Јури Ушаков, помошник на Путин, изјави дека односите меѓу САД и Русија се нарушени веќе подолго време, поради што не може да се очекува...
Уапсени поранешниот пакистански премиер Шариф и неговата ќерка
Поранешниот премиер на Пакистан Наваз Шариф и неговата ќерка Маријам денеска беа уапсени во Лахоре, откако се вратија во земјата во пресрет на парламентарните избори кои се одржуваат на 25 јули.
Наваз Шариф е осуден на 10 години затвор поради купување на станови во Лондон за кои не можел да го покаже потеклото на имотот. Маријам е осудена на седум...
Британската полиција нашла шишенце со нервен отров во домот на затруениот граѓанин
Британската полиција денеска соопшти дека го открила изворот на нервниот гас „Новичок“, од кој беа затруени двајца жители на градот Солсбери, од кои еден почина.
Полицијата разговарала со 45-годишниот Чарлс Роули, кој го преживеа труењето со отровот, и утврдила дека во неговиот дом има мало шишенце во кое се содржани траги од „Новичок“. Неговата партнерка, Дон Стурџис (44) почина од...
„Исцелител“ ќе се прикажува во грчките кино сали
Македонскиот игран филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од 19-ти јули ќе се прикажува во грчките кино сали. Својата кино премиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина – „Трианон“.
„Исцелител“ е прв долгометражен филм во македонско-грчка копродукција и е единствениот македонски филм добитник на награда на престижниот Солунски филмски фестивал.
Кино дистрибуцијата на „Исцелител“ во Грција...







































