Британска полиција: Повеќе од 400 парчиња доказен материјал во истрагата за труење

Британската полиција соопшти дека истражувачките екипи пронашле повеќе од 400 парчиња доказен материјал во истрагата за труењето на двајцата Британци со нервен агенс „Новичок“, но, на истражувачите најверојатно ќе им требаат уште многу недели за да најдат нови докази. Метрополитен полицијата вчера соопшти дека нашла мало шишенце за кое се верува дека е изворот на нервниот агенс, со кој смртно...

Кербер го освои Вимблдон

Германската тенисерка Анџелик Кербер е победничка на годинашното издание на Грен слемот Вимблдон. Таа денес во финалето ја совалда Серена Вилијамс од САД со 2-0, во двата сета беше 6:3. Мечот траеше 1 час и 7 минути. За 30-годишната Германка ова е трет трофеј од Грен слем турнирите и прв на Отвореното првенство на Велика Британија. Претходно ги има освоено Австралија Опен...

Македонија ја слави поканата за членство во НАТО

Вкупно 15 градови низ државата во моментов се слави по повод  добивањето покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО.  Музичкиот хепенинг под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ го организира Владата, а ќе настапат 40 македонски музички ѕвезди.  Централното одбележување се одржува во Градскиот парк во Скопје, кај Школка. Бината беше поставена уште на пладне, се правеа неколку...

Белгија ја победи Англија во натпреварот за третото место

Во претпоследниот дуел од Светското фудбалско првенство 2018, селекцијата на Белгија попладнево ја победи Англија со 2:0 и го освои третото место. До бронзата Белгија стигна со головите на Томас Муние во 4. минута и Еден Азар во 82. минута. Белгија и во групната фаза ја победи Англија (1:0). За Белгијците ова е најдобар резултат во историјата на Мундијалите. Тие на...

Кејт и Меган ги гледаа Ѓоковиќ и Надал

Сопругите на британските принцови, Кејт Мидлтон и Меган Маркл денеска првпат се појавија сами во јавност на Вимблдон, без своите сопрузи на тенискиот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Војвотката Кејт избра фустан на дизајнерот Џени Пакам за полуфиналниот натпревар на тенискиот турнир Вимблдон, додека Меган се одлучи за фустан на модната куќа „Ралф Лорен".  Познато е дека сопругата на принцот Вилијам многу го сака...

Алжир ги протерува мигрантите во Сахара испраќајќи ги во смрт

Официјален претставник на ОН за миграција изјави дека алжирската влада продолжила да ги протерува мигрантите во Сахара, испраќајќи ги во смрт. Џузепе Лопете, кој ја предводи Меѓународната организација за миграција на ОН во Нигер, напиша на Твитер дека 391 мигрант од 16 земји е оставен на граница. Американски медиуми минатиот месец објавија дека Алжир оставил повеќе од 13.000 мигранти во пустините...

Ѓоковиќ го победи Надал, ќе игра во финалето на Вимблдон

Поранешниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) ќе игра во финалето на Грен слемот во Лондон, откако попладнево го победи Рафаел Надал (Шпанија) со 3-2, по сетови 6:4, 3:6, 7:6, 3:6 и 10:8. Мечот траеше 5 часа и 21 минута, а се играше во два дена, бидејќи вчеравечер беше прекинат околу полноќ при резултат (2-1), а се доигра денес. Србинот ќе...

Од топлотен бран во Јапонија починаа шест лица

Најмалку 6 лица починаа, а над 1.500 се хоспитализирани во Јапонија денес поради силните горештини, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата по невидените поројни дождови и поплави пред неколку дена.  Поради топлотниот удар во болниците се примени 1536 лица. Температурите во текот на денот се над 30 степени Целзиусови, а во исто време се задржува и високата влажност. Во некои...

Косово заштити со Закон 21 земјоделски производ, 30 отсто повисока царина за увезените

Сите видови овошје и зеленчук, кои влегуваат во Косово од други земји, од 18-ти овој месец, како привремена мерка, ќе плаќаат 30 отсто повисока царина од досегашната, јави дописникот на МИА од Приштина.  Одлуката на косовската Влада ја објави министерот за трговија и индустрија Бајрам Хасани, кој информира дека до оваа мерка е дојдено „по широка анализа и консултации со...

Путин ќе учествува на доделувањето на наградите

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на церемонијата на доделување на наградите по завршувањето на финалето на Светскиот фудбалски шампионат 2018 година. Путин исто така ќе го проследи и самото финале меѓу Франција и Хрватска. - Владимир Путин на 15 јули ќе присуствува на церемонијата на затворање на Светското првенство во 2018 година и ќе го гледа финалниот натпревар меѓу репрезентациите...