Курц: Топло го поздравуваме Договорот меѓу Скопје и Атина
Договорот меѓу Скопје и Атина покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат, вели канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ и ја потенцира австриската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
-Топло го поздравуваме договорот меѓу двете страни. Покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат. За Австрија, регионот на Западен Балкан е...
Фрум за Тур тренира во Ј. Африка, другите на Канарските Острови
Фрум, кој настапува под британско знаме, е роден во Кенија, се школувал во Јоханесбург, каде што често се враќа да тренира, во „базата“ во Гаутенг. Неговите колеги-велосипедисти надвор од сезоната најчесто тренираат на Канарските или Балеарските Острови, но Фрум претпочита својата километража да ја помине околу најиндустрискиот град во Африка
Британецот Крис Фрум, кој се обидува петти пат да триумфира...
Кербер го одложи рекордот на Серена Вилијамс
Во финалето на Вимблдон, Кербер беше подобра од Серена Вилијамс, со 6-3, 6-3. За неа тоа е прв триумф во Лондон, вкупно трета гранслем-титула, а Вилијамс остана на 23, еден помалку од рекордните 24 на Маргарет Корт
Германката Анџелик Кербер триумфира на турнирот во Вимблдон, првпат во кариерата, победувајќи ја во финалето седумкратната шампионка, Американката Серена Вилијамс, во два сета,...
Модриќ: Не секогаш победува подобриот
Капитенот на Хрватска Лука Модриќ беше движечката сила на тимот на патот кон големото финале на Мундијалот 2018. И покрај поразот од Франција (2:4) во битката за титулата, фудбалерот на Реал Мадрид повторно се претстави неверојатно, а по натпреварот ја доби наградата за најдобар играч на шампионатот.
- Сама по себе оваа награда не може да го подобри моето расположение,...
Јуниорите тргнуваат кон врвот на дивизијата Б
На шампионатот на ЕХФ, дивизија А, Македонија е во група со Украина, Швајцарија, Велика Британија и со Италија, од каде што првопласираните две ќе играат во полуфиналето, а потоа победникот на шампионатот ќе се пласира на наредното ЕП во младинска конкуренција
Македонската машка јуниорска репрезентација за ракометари до 20 години ја одработува последната фаза од подготовките за настап на шампионатот...
Целосно помрачување на Месечината на 27 јули
Жителите на Балканот ќе имаат прилика ноќта меѓу 27 и 28 јули да набљудуваат помрачување на Месечината.
Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од областите на Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.
Во случај на поволни метеоролошки услови, односно ведро небо, луѓето оваа појава ќе можат да ја гледаат со голо око...
Георгиев шести, Димковски осми и освои 70,8 рејтинг-поени на „Параќин опен“
Велемајсторот Кирил Георгиев освои 6,5 поени на А-турнирот, а Димковски заврши на високото осмо место на Б-турнирот меѓу 164 шахисти
Бугарскиот велемајстор (ВМ) со македонски пасош, Кирил Георгиев (2,596 рејтинг-поени, рангиран прв пред турнирот), кој на годинашнава Шаховска олимпијада (ШО) во Батуми (Грузија) повторно ќе ги брани боите на Македонија, со 6,5 поени (четири победи, пет ремија), го освои 6-то...
Од жабја перспектива
Ретко кој народ се разбрал со ретко која влада во светот. Особено на Балканот и особено кај нас во Република Македонија никој не се разбрал со власта. Имаше еден вечен графит на кејот, до Камени мост, до градската плажа, на кој пишуваше „Долу, влада!“. На секоја влада ѝ прилега, мислам на владата на Тереза Меј, Трамп и сите други...
Француските медиуми го обвинија Путин за „недостиг на елеганција“
Сите медиуми во Франција посветија сериозно внимание на вчерашното наградување на француските репрезентативци, кои поминаа на пороен дожд.
Француските изданија „Клоусер“ и „Ел“ се фокусираат на церемонијата на доделувањето на која претседателите на Франција и Хрватска, Емануел Макрон и Колинда Грабар-Китаровиќ останаа на дождот и накиснаа, додека рускиот претседател Владимир Путин беше веднаш заштитен со чадор.
„Ел“ забележува дека Макрон и...
Туск го обвини Трамп дека шири лажни вести
Првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск преку Твитер му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД и ЕУ се најдобри пријатели.
Пораката доаѓа откако Трамп оцени дека Европската унија е непријател на САД во трговската сфера.
- Америка и ЕУ се најдобри пријатели. Тој што вели дека сме непријатели шири лажни вести - напиша Туск на неговиот профил на...





































