Останаа ли 150.000 фантоми во избирачкиот список?
За голема жал, во последниве неколку изборни процеси, и покрај сите капацитети ставени на Државната изборна комисија, како и големиот број странски експерти што учествуваа во оваа операција на т.н. чистење на избирачкиот список, довербата е уште помала
Наскоро ќе дојде редот и на референдумот, според обврските што ги презеде Македонија во спогодбата со Грција, кој го потпиша на 17...
Јубилејната 30-та „Поетска ноќ во Велестово“ со скратена програма
Јубилејната 30-та „Поетска ноќ во Велестово“, годинава со скратена програма, ќе со одржи на 20-ти и 21 јули на локации во Велестово и Охрид и ќе биде посветена на најновата македонска поезија.
Манифестацијата ќе почне в петок од 21 часот пред чешмата во Велестово. На вечерната програма ќе настапат шест поети: Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Елизабета Баковска, Николина Андова...
ДЗС: Раст на прометот во индустријата на странските пазари, а опаѓање на домашниот
Прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи раст од 8,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи раст кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,3 проценти, капитални производи за 13 и нетрајни производи за широка...
Повеќе од 320 грчки интелектуалци го поддржуваат Договорот од Преспа
Ние, левичарите, демократите и прогресивните граѓани, го поддржуваме Договорот, бидејќи сме против национализмот и ревизионизмот и се залагаме за мирно, солидарно, европско, балканско соседство, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и верските тензии, пишува во текстот потпишан од над 320 грчки интелектуалци, меѓу кои универзитетски професори, новинари, писатели, за поддршка на Договорот од Преспа.
Потписниците сметаат дека решението меѓу Македонија...
Белгија е 20-та репрезентација што освојува медал на СП
Белгија ја совлада Англија во „малото финале“ на СП 2018 во Санкт Петербург, со 2-0, и го освои својот прв медал на мундијалите, бронзен (беше четврта на СП 1986)
Белгија беше подобра од Англија во мечот за третото место на Светското првенство (СП) во фудбал во Русија, победувајќи ја со 2-0 (стрелци Муние во 4. минута и Азар во 82-та),...
Нов тактички тренд на СП – голови од прекин
СП 2018 постави рекорд - 68 гола на 63 меча (без финалето Франција - Хрватска) постигнати од прекин (корнер, слободен удар), објави ФИФА во својата анализа. Претходниот рекорд беше од СП 1998 со 62 такви гола. Од 32-те селекции во Русија, 15 постигнаа барем половина од своите голови од прекин
Прекините се покажаа како важна алатка за постигнување голови на...
Убиени 300 крокодили во Индонезија поради одмазда
Локалните жители во едно село во Индонезија вооружени со ножеви, чекани и стапови ги убиле сите 292 крокодили во знак на одмазда за смрт на маж кој го убил крокодил на една фарма за крокодили.
Шефот на Агенцијата за заштита на природни ресурси на Индонезија во Западна Папуа изјави дека 48 -годишната жртва влегла на фармата за крокодили и веројатно...
Инфантино: Головите од офсајд се минато
Ова е најдоброто Светско фудбалско првенство досега. Имавме 90 проценти исполнетост на стадионите, повеќе од еден милион навивачи дојдоа во Русија, повеќе од три милијарди ТВ-гледачи, повеќе од седум милиони посетители на фан-фест, имавме голем успех на системот ВАР, ниту еден позитивен допинг-тест, рече, меѓу другото, претседателот на ФИФА
Ова е најдоброто Светско фудбалско првенство досега. Благодарност до сите инволвирани,...
Хан во Скопје, го отвора скринигот за почеток на разговорите со ЕУ
Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија, со што почнува скринингот процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.
Според агендата, Хан изутрина ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија...
Идеалниот тим на СП 2018 по мини-анкета на „Нова Македонија“
Данијел Субашиќ, Бенжамин Павар (Домагој Вида), Рафаел Варан, Дејан Ловрен, Лукас Хернандез, Еден Азар, Кевин Де Брујне, Лука Модриќ, Антоан Гризман, Килијан Мбапе и Марио Манџукиќ.
Тоа е идеалниот тим на Светското првенство (СП) во фудбал по спроведената мини-анкета на „Нова Македонија“, со неколку македонски фудбалери и тренери. Овие единаесетмина, од три селекции, добија најмногу гласови, а сите предложени се...






































