Обвинетите во „Труст“ утре со завршни зборови
Со завршни зборови на обвинетите, утре во Кривичниот суд ќе продолжи судењето по предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.
На денешното рочиште, што траеше речиси шест часа, завршни зборови даде одбраната на обвинетите, кои од Судот побараа ослободителни пресуди оти, како што наведоа, ниту „Трансмет“, ниту „Силекс“, ниту пак „Вато“ не ја повредиле постапката за јавна набавка.
Адвокатката на Сеад Кочан...
Бакојани: Коѕијас направи грешка што ги даде термините Македонци и македонски јазик
Нова демократија смета дека Коѕијас направи грешка што дозволи националност Македонци и македонски јазик, смета поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани. Говорејќи за радиото „247“, таа вели дека за државјанството можело да стои „граѓани на“, наместо Македонци.
- Сите во Нова демократија се согласуваме дека беше голема грешка од страна на господинот Коѕијас да ја даде националноста, односно титулата...
Удар на гром опожари куќа во тетовско Туденце
Семејството Тасевски од населеното место Туденце синоќа остана речиси без целиот дом откако пламените јазици целосно го зафатија вториот кат на куќата. Во пожарот изгоре целата нивна покуќнина и облека. За него во Територијалната противпожарна единица Тетово било пријавено помеѓу 22 И 23 часот од страна на жители на селото и вработени во Полициската станица Јегуновце. Екипи на пожарната...
Судска медицина до Обвинителството го достави вештачењето за смртта на Никола Саздовски
Во Основното јавно обвинителство Скопје интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот поврзан со смртта на Никола Саздовски, кој почина по инцидент во скопската населба Автокоманда.
- По разгледување на вештачењето во контекст и на другите прибрани материјални и вербални докази, Јавното обвинителство веднаш ќе одлучи во поглед на правната квалификација и натамошниот тек на постапката, соопштија...
Заврши средбата Путин – Трамп
По два часа и 10 минути заврши средбата помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.
На средбата присуствуваа само преведувачите, што наводно било желба на Трамп, иако не е официјално потврдено.
Трамп по состанокот со Путин изјави дека „се добро почнало“.
Двајцата претседатели заедно со уште шест соработници се на работен ручек.
Нови европски филмови и одлична музика на „Бич филм-фестивал“
Гледање нови европски филмови под ѕвездите, шизење со одлична музика се’ до изгрејсонце и сето тоа на плажа. Ах, колку летно звучи ова, а ќе се случува викендов што е пред нас, од 19 до 22 јули, на „Бич филм-фестивал”.
На првото издание на овој фестивал ќе се прикажуваат филмови кои оствариле голем успех, па така првата фестивалска вечер ќе...
Северна Кореја планира општа амнестија за политичките затвореници
Северна Кореја денеска соопшти дека ќе одобри општа амнестија за затворениците кои се осудени за злосторства против државата и народот, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Амнестијата ќе стапи во сила на 1 август.
Одлуката за амнестија е донесена во пресрет на 9 септември, кога се одбележуваат 70 години од формирањето на државата.
Како што наведува КЦНА, Северна Кореја ќе преземе практични...
Батон упати совет до Фернандо Алонсо
Поранешниот пилот на Мекларен, Џенсон Батон добро знае што значи да се натпреваруваш во средината на колоната без надеж за победа - она што му се случува сега на неговиот поранешен тимски колега, Фернандо Алонсо. Шпанецот се труди да покаже силен дух и покрај уште една разочарувачка сезона, поради перформансите на тимот.
Тврдењата на Алонсо дека Мекларен напредува, како да...
Жител на Тремник испил отров и починал
Жител на неготинското село Тремник се самоубил испивајќи отровна материја.
Како што соопшти полицијата, вчера во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Медицинскиот центар во Кавадарци бил донесен починат З.С. (46) од село Тремник–неготинско, кој околу 17:30 часот во семејната куќа во селото испил одредена количина на отров.
Од страна на неговиот татко бил однесен во Итната медицинска помош...
Сопатничка нападнала полицаец
На улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје вчера полициски службеници од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата додека извршувале редовни работни задачи дале знак за застанување на патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, но тоа продолжило со движење.
Полициските службеници со службеното возило се упатиле по него и успеале да го застанат по што констатирале дека возилото...







































