Десет илјади граничари ќе ја чуваат ЕУ од мигранти
Со 10.000 полицајци на Фронтекс, ЕУ планира да ги заштити своите граници од надворешно влијание и со тоа да го зголеми нивото на безбедност на државите во Унијата. Ваков заклучок неодамна беше донесен од министрите за внатрешни работи на Европската Унија, кои се заложија за зајакнување на заштитата на надворешните граници на Унијата.
Според нив, сигурноста на европските граѓани зависи...
Три лица кривично ќе одговараат за случајот со бебето оставено пред Домот за доенчиња во Битола
Кривични пријави се поднесени против 17-годишната мајка од тетовско Желино која го остави своето новороденче пред Домот за доенчиња од Битола, како и против нејзиниот невенчан 27-годишен сопруг и нејзиниот татко.
МВР денеска соопшти дека целосно е расчистен случајот и оти пријавата против малолетната мајка е поднесена поради основано сомнение дека сторила кривично дело „напуштање на немоќно дете“.
Поради основи на...
Хан го отвора скринингот за почеток на преговорите со ЕУ
Еврокомесарот за соседска политика и за проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во Македонија, со што почнува скрининг-процесот за почнување преговори за членство во Унијата. Според агендата, Хан изутринава ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Хан, како што е најавено,...
Путин запраша дали Кенеди беше убиен во Русија или во САД?
Рускиот претседател Владимир Путин одговори на прашања во врска со неколкуте смртни случаи за кои постои сомневање за наводна поврзаност со Кремљ, во интервју за американската телевизија „Фокс Њуз“, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Путин беше запрашан зошто политичките дисиденти и новинари во Русија, но и во странство, се затворани или пронајдени мртви под сомнителни околности, по што рускиот лидер направи споредба...
Ведриот дух и будистичките техники пресудни за заглавените момчиња
Според многумина, младите момчиња и 25-годишниот тренер покажаа голема храброст и херојство во тие тензични денови
Целиот свет со недели нетрпеливо го очекуваше епилогот од неверојатната приказна за спасувањето на 12-те деца и тренерот од пештерата во Тајланд. За среќниот крај, заслуги има целата армија тивки херои што учествуваа во извлекувањето на младиот фудбалски тим. Кои се нуркачите што први...
Педесет деца успешно ја завршија Летната балетска школа на Еуролинк осигурување
Вчера се одржа завршниот час од Летната балетска школа организирана од Еуролинк осигурување, како дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.
Балетската школа започна на 25 јуни и во текот на три недели, младите учесници
ги изучуваа вештините и основните техники на класичниот балет. Децата ги изучуваа
уникатните карактеристики во балетот, вртењето и високите протегнувања,...
Големо невреме во Шибеник, еден загинат
Едно лице загина, а причинета е голема материјална штета во невремето што синоќа го зафати хрватскиот приморски град Шибеник.
Како што јавуваат хрватските медиуми, невремето проследено со силен ветер, кршело гранки и корнело дрвја, при што биле оштетени 16 автомобили.
Еден маж за време на невремето паднал од рибарското бротче во морето и се удавил.
Надлежните служби денеска го расчистуваат градот.
Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со божја помош ќе ѝ помогнеме на црквата
Бугарскиот патријарх Неофит се надева дека со божја помош ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кој тој го означи како „нешто во кое вреди да се вложи“.
- Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со со нив ќе бидеме...
Училиштето „Димитар Миладинов“ наградено на ниво на Европа
Oпштинското основно училиште „Димитар Миладинов“ стана едно од 1.212-те училишта наградени на ниво на Европа. Сертификатот го доби во просториите на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност.
Од општината Центар информираат дека е-твининг е образовна платформа што дава можности за виртуелни проекти, со партнерства на повеќе училишта од повеќе земји, со искористување на предностите што ги дава...








































