Далас каубојс е највредниот спортски клуб на светот
Познатиот клуб во американски фудбал (НФЛ) Далас каубојс е највредниот клуб на светот, со 4,8 милијарди долари, покажале најновите истражувања на познатиот економски магазин „Форбс“.
Зад Далас, чија вредност е зголемена за 14 отсто во однос на лани, се наоѓаат славните фудбалски клубови, англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед (4,1 милијарда) и шпанските клубови Реал Мадрид (4,08) и Барселона (4,06).
Во првите 10...
„Л’екип“ ги избра најлошите фудбалери на СП во Русија
Познатиот француски спортски дневник „Л’екип“ на своите милионски читатели им го претстави најлошиот тим на неодамна завршеното Светско првенство (СП) во фудбал, кое се одржа во Русија.
Така, во изборот овој дневник на столбот на срамот ги постави „најлошите од најлошите“, се разбира давајќи им слаби оценки, кои се движат од 2 до 3,67. Меѓу нив се дури три фудбалери...
Солистички концерт на рускиот пијанист Вадим Колоденко на „Охридско лето“
По синоќешниот настап заедно со виолинистката Алена Баева во рамки на „Охридско лето“, пијанистот Вадим Колоденко вечер ќе има солистички настап во катедралната црква „Света Софија“.
Вадим Колоденко има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти. Како добитник на Златниот медал на Интернационалниот пијано натпревар „Ван Клибурн“ во 2013 година, Колоденко започнува да...
Шкендија остана да ја брани честа на македонскиот клупски фудбал во Европа
Другите македонски претставници, Вардар, Работнички и Шкупи, се збогуваа од Лигата на Европа уште во првото квалификациско коло
За разлика од минатата година, кога Вардар ги израдува љубителите на фудбалот во Македонија со историскиот настап во групната фаза во Лигата на Европа (ЛЕ), годинава им приреди вистинско разочарување. Црвено-црните уште во првото квалификациско коло беа елиминирани од просечниот ерменски клуб...
Коскоска и Петровска се враќаат во репрезентацијата
Бојана Бејатовиќ (2.057 рејтинг-поени), Драгана Николовска (1.856), женската интернационална мајсторка (ЖИМ) Габриела Коскоска (2.033), Катерина Петровска (1.966) и Ивана Манова (1.745) се шахистките што ќе ги бранат боите на Македонија на претстојната 43. Шаховска олимпијада (ШО), од 23 септември до 6 октомври, во грузискиот град Батуми. Тоа ни го соопшти селекторот на женската шаховска репрезентација на Македонија, велемајсторот (ВМ)...
Најдобрите велосипедисти заработуваат како просечен фудбалер
Крис Фрум има годишна заработка од околу 3,5 милиони, а победникот на Тур де Франс ќе добие 500.000 евра
По Светското првенство (СП) во фудбал и по Летните олимписки игри (ЛОИ), велосипедската трка Тур де Франс е третото најважно спортско натпреварување во светот. За оваа констатација потврда се и бројките, кои говорат дека трката секоја година, само на телевизија, ја...
Во Прилеп полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна...
Две лица обвинети за неовластено производство на марихуана
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица кои неовластено произведувале наркотична дрога - марихуана во викенд куќа лоцирана во местото Света Петка, село Моране. За едно од лицата е одреден притвор, а за другото мерки за претпазливост. За истото дело се товари и трето лице кое е во бегство, а за кое,...
Сообраќајот надвор од градовите зголемен, на ГП Богородица се чека 30-тина минути
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е до 30 минути, информираат од АМСМ.
Оттаму информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, како и оти оваа информација се однесува...








































