Шведска бара помош за гаснење шумски пожари

Шведска ја зафатија силни шумски пожари, дури и во арктичкиот поларен круг, поради што владата во Стокхолм одлучи да побара помош од други европски држави. Премиерот Стефан Левен изјави дека неговата влада работи „од минута во минута“ за да обезбеди неопходни ресурси за стотина пожарникари и други кои се ангажирани во гаснењето на околу 50 шумски пожари. ...

Заврши расправата за измените на Изборниот законик

Собраниската Комисија за европски прашања речиси два часа пред полноќ ја заврши расправата по Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, во второ читање, без воопшто да се одлучува по предложените 401 амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ рече дека има многу пријавени за збор, а седницата согласно Деловникот мора да заврши...

Истрагата утврди дека полицијата не го убила кошаркарот Ханикат

Американскиот кошаркар, Тајлер Ханикат, не е убиен во престрелката со полицијата, туку бил мртов пред полициските службеници да влезат во неговата куќа. Првично американските медиуми објавија дека кошаркарот на руски Химки бил застрелан во престрелка со полицијата, откако поради психолошки проблеми се затворил во неговата куќа. Меѓутоа, полициските власти на Лос Анџелес ги демантираа овие тврдења и соопштија дека Ханикат извршил...

Турција со нови докази ќе ги убедува САД за поврзаноста на Ѓулен со државниот удар

Турција има нови докази кои ги поврзуваат следбениците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен со неуспешниот државен удар во 2016 година, изјави денеска турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул, додавајќи дека за новите информации ќе разговара со американскиот колега. Неуспешните двегодишни напори на Турција за екстрадиција на Ѓулен од САД, ги нарушија односите меѓу двете членки на НАТО. Вашингтон...

ЕУ ја потсети Велика Британија дека истекува времето за успешно завршување на преговорите

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние го предупреди денеска Лондон дека располага со 13 седмици за постигнување договор. Според него, 80 отсто од текстовите дискутирани во нацрт-договорот се одобрени од страна на ЕУ и Велика Британија. Тој истакна дека на денешниот состанок на Советот на ЕУ, било повторно потврдено единството на земјите-членки на Унијата, јави БТА. Европската комисија...

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево е нормализиран, информира Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа кај Охридскиот аеродром.

Вашингтон го отфрли барањето на Москва за источна Украина да се решава на референдум

САД го отфрлија денеска предлогот на Русија, за судбината на источна Украина да се одлучи по пат на референдум. САД сметаат дека референдумот нема да е легитимен, бидејќи реонот не е под контрола на украинската влада. Предлогот се појави деновиве по самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, кој се одржа во...

Русите доминантни инвеститори во Црна Гора

Во Црна Гора најголемиот процент - 20,2 проценти од странските компании се руски, покажуваат податоците на црногорскиот Институт за статистика Монстат. Но, и покрај толкавиот процент на руски бизнисмени, од 2015 година бројот на руски фирми постојано се намалува. Во 2013 година, 32,4 отсто од странските инвеститори биле Руси, следната година - 38,1 проценти, додека во 2015 - 32, во...

Тотенхем го продолжи договорот и со Ерик Ламела

Само по неколку часа откако Сон Хеунг-мин потпиша нов договор со Тотенхем, од лондонскиот клуб соопштија дека и Ерик Ламела денеска го продолжил договорот. Ламела ќе остане во Тотенхем до 2022 година. Аргентинскиот фудбалер поради повреда го пропушти поголемиот дел од минатата сезона, но сепак клубот му понуди нов договор. Тој во лондонскиот клуб дојде во 2013 година од Рома, а...

Вучиќ: Не ни се потребни браќа, туку пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денска дека на Србија не и се потребни браќа, туку пријатели, коментирајќи ја изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека Хрватска и Албанија се браќа по оружје. – И честитам на изјавата. Нам не ни се потребни браќа туку пријатели. Нека се побратимат. Ние ќе гледаме да напредуваме економски - изјави Вучиќ. Тој додаде...