Северноцрпнатите иноватори од лабораторијата за идентитетски инженеринг

Единствен проблем со кој моментално се соочуваме е како да го прескокнеме август, оти овој проклет месец е еден невоспитан провокатор, кој упорно се обидува да му застане на слободоумното граѓанство на патот кон ЕУ и НАТО. „Сега е момент да ги истребиме сите што се против ЕУ и НАТО, особено овој проклет август“, ќе крикне Тито Берија Беличанец,...

Дали сте за пинџур, малиџано, толчена сол или…

Кога станува збор за референдумско прашање, нема простор за експерименти, калкулации или политички подметнувања. И ова важи генерално, независно што е предмет на референдумско изјаснување на граѓаните. Прашањето несомнено мора да биде кристално јасно, без ниту најмала трошка сомневање што сакал авторот да каже Луѓето прашуваат за да стигнат до вистината, иако во животот често бројот на избегнати и неодговорени...

Ширум Европа уапсени 15 луѓе поради онлајн измама

По шестгодишни подготовки и координација во меѓународна операција уапсени се 15 лица осомничени за онлајн измама, со која е нанесена штета до 18 милиони евра, соопшти Европол. Во акцијата од 12 до 15 јуни пребарана е 31 куќа во Кипар, во Естонија, Финска, Германија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство. Водачот на криминалната група е уапсен на Кипар,...

Сончево и значително потопло

Сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал 25 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во недела кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен...

Наполи нема интерес за Бензема и Ди Марија

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека нема намера во клубот да ги донесе Карим Бензема и Анхел ди Марија, додека Единсон Кавани би го ангажирале само ако се согласи на двојно помала плата. Наполи во новата сезона ќе го предводи тренерот Карло Анчелоти, поради што се појавија гласини за нови трансфери во клубот. Но, Де Лаурентис за италијанските медиуми...

Конте со тужба за Челзи

Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, ќе поднесе тужба против лондонскиот клуб поради едностраната одлука при раскинувањето на договорот со него. Италијанскиот стручњак беше отпуштен на 12-ти јули, а на неговото место Челзи веднаш го ангажираше Маурицио Сари. Конте смета дека раководството на клубот го прекршило договорот и по судски пат ќе бара да му се исплатат девет милиони...

Младите македонските ракометари со победа над Велика Британија стартуваа на ЕХФ шампионатот

Машката младинска репрезентација убедливо ги совлада ракометарите на Велика Британија со 32:15 и со победа го почна ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што ќе се игра од денеска до 29 јули во Скопје. Избраниците на селекторот Данило Брестовац ја потврдија фаворитската улога и по победата над британските ракометари ги освоија првите поени, по што следуваат натпреварите со останатите...

Шведска бара помош за гаснење шумски пожари

Шведска ја зафатија силни шумски пожари, дури и во арктичкиот поларен круг, поради што владата во Стокхолм одлучи да побара помош од други европски држави. Премиерот Стефан Левен изјави дека неговата влада работи „од минута во минута“ за да обезбеди неопходни ресурси за стотина пожарникари и други кои се ангажирани во гаснењето на околу 50 шумски пожари. ...

Заврши расправата за измените на Изборниот законик

Собраниската Комисија за европски прашања речиси два часа пред полноќ ја заврши расправата по Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, во второ читање, без воопшто да се одлучува по предложените 401 амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ рече дека има многу пријавени за збор, а седницата согласно Деловникот мора да заврши...

Истрагата утврди дека полицијата не го убила кошаркарот Ханикат

Американскиот кошаркар, Тајлер Ханикат, не е убиен во престрелката со полицијата, туку бил мртов пред полициските службеници да влезат во неговата куќа. Првично американските медиуми објавија дека кошаркарот на руски Химки бил застрелан во престрелка со полицијата, откако поради психолошки проблеми се затворил во неговата куќа. Меѓутоа, полициските власти на Лос Анџелес ги демантираа овие тврдења и соопштија дека Ханикат извршил...