Најмалку 25 лица повредени во земјотрес во Иран

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган. Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви. Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси...

Силувана малолетничка осудена на затвор поради абортус во Индонезија

Петнаесетгодишно девојче од Индонезија, кое било силувано од нејзиниот брат, осудено е на шест месеци затвор поради извршен абортус. Заменикот-шеф на полициската станица во Батангари во провинцијата Џамби соопшти денеска дека девојката и нејзиниот брат биле осудени во четвртокот. Братот (18) е осуден на две години затвор за сексуални престапи со малолетничка. Обвинителите побараа една година затвор за девојчето и...

Османи: Се надевам дека опозицијата ќе сфати оти земјата нема иднина без ЕУ и НАТО

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека спротивставувањето на опозицијата на Договорот за името со Грција, кој, како што вели е договор за идните генерации, а не идните избори, ќе ја искомпликува политичката ситуација во земјата. Но, се уште се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека земјата нема иднина без ЕУ и НАТО и оти така ќе се...

Мехмедовиќ: Потребни се намалку 200 вработувања во Здравствен дом Скопје

Најмалку околу 200 вработувања се потребни во моментов за да имаме квалитетна здравствен услуга. Во септември ќе има оглас за вработување медицински персонал, истакна директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој посочува дека имаат недостиг од лекари, но и останат медицински персонал, како што се медицински сестри, лаборантски техничари, рендгден технолози, фармацевтски...

Либиската крајбрежна стража спаси 40 мигранти

Либиската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 40 мигранти, меѓу кои и осум жени и деца, и ги одведе во поморска база во Триполи. Мигрантите беа запрени во близина на брегот на западниот либиски град Зуваре. Мигрантите се од Мароко, Египет, Сирија и Нигерија. Либија е главната транзитна област на патот на мигрантите кои бегаат од војните и сиромаштијата од Африка...

Единаесет таксисти убиени на враќање од погреб на колега во Јужна Африка

Вооружените напаѓачи убија единаесет таксисти во Јоханесбург кога се враќале од погреб на нивни колега, соопшти портпаролот на полицијата. Возачите, сите од здружението Гаутенг, се возеле во минибус при враќањето од гробиштата кога од заседа биле нападнати со огнено оружје. - Дојде до пукање. Возилото го нападнаа од заседа. Единаесет лица загинаа, додека четворица се сериозно повредени и се наоѓаат во...

Филипче: Подготвени сме да ја поништиме во тендерската постапка, ако има неправилности

Министерство за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавностa не го добила тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи. Доколку има неправилности во тендерската постапка и ако не постигнеме заштеда, подготвени сме да ја поништиме. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој...

Вулин: Компромисното решение за Косово е разграничување

Српскиот министерот за одбрана Александар Вулин изјави дека за Србија прифатливо компромисно решение за Косово е „разграничување и запирање на ширењето на Голема Албанија". Вулин, во интервју за весникот „Курир“ рече дека очекува Приштина да продолжи со провокации и обиди да го прекине дијалогот. - Тие знаат дека преговорите со (претседателот Александар) Вучиќ не се добри за нив, а тоа тешко...

Фонд за иновации: Процедурата за првиот јавен повик од Планот за економски раст е транспарентна

Фондот за иновации и технолошки развој тврди дека процедурата по која е спроведен првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата на РМ е целосно транспарентна. - Ги поздравуваме сите повици да се испита работата на Фондот и ги повикуваме сите надлежни органи да го сторат тоа неодложно.  Како и досега остануваме целосно транспарентни и...

Три лица загинаа по удар на воз во автомобил кај Романовце

Три лица од скопско Арачиново, загинаа денеска откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потври МВР. Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин. Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б...