Русија со критики до Атина
Одлуката на Грција да исфрли двајца руски дипломати поради мешање во внатрешните работи сѐ уште предизвикува реакции од Русија. Москва ја обвинува Атина за „валкани провокации“.
Русија продолжи со критиките на сметка на Атина поради исфрлањето на двајца нејзини дипломати, обвинувајќи ја грчката влада дека учествува во „валкани провокации“ поради планот на Македонија да стане членка на НАТО, пишува „Дојче...
Кинезите – мајстори на плагирањето
Во текст на професорот Бијунг-Хул Хан за кинескиот пристап кон „оригиналноста“ во уметноста се објаснува идејата или концептот дека копијата на изворно дело е еднакво вредна како и оригиналот. Тоа значи дека Кинезите без иронија можат да изградат „уште поубав и постар мост“, во музеј да изложат „најнови копии на старите мајстори“, а во своите дела да користат фрагменти...
Можниот српско-косовски компромис: независност за СЗО?
Официјалниот став на Белград, кој беше пренесен и во текстот на „Политика“, е дека тие ги исполниле своите обврски од претходниот договор, а сега на ред е тоа да го стори и Приштина
Последните разговори меѓу Приштина и Белград со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини биле многу сложени и завршиле со заклучокот дека тие треба да продолжат...
Дури 65 отсто од албанските граѓани немаат пари за одмор
Истражување спроведено од невладиниот сектор, финасиски поддржано од Европската комисија, покажува дека дури 65 насто од граѓаните на Албанија не може да издвојат средства и да одат на годишен одмор.
- Туристичката сезона е во полн ек. Илјадници туристи се одмараат на албанското крајбрежје, а токму граѓаните за чие богатство се смета морето не може да ги почувствуваат благодетите на...
Агенциите за туризам и за иселеништво потпишаа Меморандум за соработка
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски и директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов потпишаа Меморандум за соработка.
Со тоа, како што соопшти АППТ, се потврди желбата за поактивен пристап на двете институции на полето на туризмот.
- Меморандумот за соработка значи интензивирање на соработката, но и збогатување на промоцијата на земјата преку проекти кои се...
Прва дебата за новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата
До крајот на годинава треба да биде донесен закон за остварување на јавниот интерес во културата кој, според ресорното министерство, е вториот најважен документ по усвојувањето на Националната стратегија за развој на култуата 2018-2022.
- Стариот Закон за културата наполни дваесет години и досега беше менуван 16 пати. Културната јавност многупати констатираше дека тој е веќе анахрон и не ги...
Укинувањето на ДУП-овите ја уништува високоградбата
Да престане укинувањето на донесените детални урбанистички планови (ДУП) зашто тоа ја доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите, а големи финансиски штети, освен нив, трпат и другите поврзани сектори, граѓаните што одлучиле да купат стан, како и банките и државата, апелира Сојузот на стопански комори (ССК).
Според Градежната комора на Македонија, со укинувањето на постојните ДУП-ови, практично се укинува...
Сеад Кочан осуден на шест години затвор
Шест години затвор доби бизнисменот Сеад Кочан и забрана да биде управител и одговорно лице три години, додека Василие Авировиќ доби затворска казна од три години и забрана за застапување на правно лице за потпишување на тендерска документација во времетраење од три години, соопшти судијката Лидија Трајковска Зимбовска на денешното судско рочиште во објавата на пресудата за предметот на...
Неисправна вода за пиење во прилепската Ѓумушица
Водата за пиење од крајпатната чешма во населеното место Ѓумушица, кај Прилеп, не е исправна и не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку десет минути, информираа од прилепскиот центар за јавно здравје. Оттаму објаснија дека Центарот врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде...
По 45 години, целосно се реконструира една од градинките „Младост“ во Тетово
Децата згрижени во објектот „Тетекс“ на градинката „Младост“ во Тетово од септември ќе посетуваат целосно реновирани простории. Станува збор за најголемата реконструкција на градинките, за која ќе бидат потрошени пет милиони денари, пари одвоени од општинскиот буџет.
- Конкретно, се менуваат сите санитарни јазли, секоја занимална ќе има свој санитарен јазол за децата, се реновираат сите простории, се урива сѐ...






































