Лани од Хрватска се иселиле 47.000 луѓе

Хрватска минатата година поради миграција на населението остана без речиси 32.000 жители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2017 година во странство се иселиле повеќе од 47.000 луѓе, додека од други држави се доселиле околу 15.000 лица. - Во Хрватска минатата година од странство се доселиле 15.553 лица, од кои 50,9 проценти хрватски државјани и 49,1 отсто странци, додека...

Најмалку 17 загинати при превртување на брод во САД поради бура

Американските власти соопштија дека ги пронашле телата на последните четири лица, исчезнати кога на езерото Тејбл Рок во американската сојузна држава Мисури се превртел брод, со што бројот на настрадани се искачи на 17. Несреќата била предизвикани од силната бура што го зафатила регионот, при што се кренале ветрови со брзина од 100 километри на час. Спасени...

Тројца вработени во Катастар и еден геодет заработија кривични пријави

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против тројца вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против овластен геодет поради „несовесно работење“ и „фалсификување службена исправа“. Кривични пријави се поднесени против М.С, И.С, И.Л вработени во Агенцијата за катастар и против лицето Д.Н. во својство на службено лице-овластен геодет. Пријавениот И.Л во својство на вработен во...

Чизов: Протерувањето на дипломати од Грција е под надворешно влијание

Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чизов изјави дека одлуката на Грција да протера руски дипломати е предизвикана под влијание однадвор. – Не е можно да се објасни тоа на логичен и разумен начин. Тоа е повеќе од очигледна провокација. Толку е очигледна да не можам да верувам дека зад неа се само Грци, а добро ја познавам...

ЕК: Косовските царини имаат негативен ефект врз регионалната трговија

Европската Комисија бара итни појаснувања од косовската Влада за воведувањето царини врз овошјето и зеленчукот, јави дописничката на МИА од Брисел. Испратено е писмо до косовските власти во кое се предупредува за негативните ефекти на оваа одлука. - Европската Комисија побара итни појаснувања од властите во Косово по одлуката на Владата донесена на 17 јули, која има негативни ефекти врз регионалната...

Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор во руското МНР

Руската влада го повика на разговор грчкиот амбасадор во знак на протест поради протерувањето на двајца руски дипломати, како дел од несогласување околу плановите на Македонија за членство во НАТО. Руското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение информира дека грчкиот амбасадор Андреас Фриганас бил повикан денеска за да му се изрази „одлучен протест против континуираните антируски изјави од грчката...

Осум повредени во напад во автобус во Германија

Германската полиција објави на Твитер дека никој не бил убиен во денешниот инцидент во автобус во северниот германски град Либек и дека сторителот е приведен. - Имаше инцидент во градски автобус во Либек - соопшти полицијата во државата Шлезвиг-Холштајн, каде се наоѓа тој град. - Повредени се осум луѓе, од кои тројца се со сериозни рани - изјави портпаролка...

Орбан со писмо до Заев го поздрави договорот со Грција, одлуката за преговори со ЕУ и поканата од НАТО

Претседателот на Владата на Унгарија Виктор Орбан до кабинетот на премиерот Зоран Заев упатил писмо со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји. Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Владата, во писмото, кое премиерот на Унгарија Орбан го потпишува и во име на Вишеградската четворка, тој го...

Нухоџиќ: Членството во НАТО носи и голем економски бенефит

Македонија со приклучувањето во НАТО, покрај безбедносни гаранции, ќе има и голем економски бенефит. Тоа го покажа искуството на Црна Гора по влезот во Алијансата, порача црногорскиот министер за внатрешни работи Мевљудин Нухоџиќ по денешната средба во Охрид со неговиот македонски колега Оливер Спасовски. - Интегрирањето на земјите од Балканот во НАТО е прилог кон безбеден Балкан, кон регионална безбедност...

„Индепендент“: ИД и Ал Каеда во Сирија се борат со оружје од БиХ

Оружјето произведено во босанската фабрика БНТ-ТМиХ, кое е продадено на Саудиска Арабија, завршило во рацете на Исламска држава и Ал Каеда. Станува збор за 500 минофрлачи, објави британскиот весник „Индепендент“. Новинарот на „Индепендент“ Роберт Фиск тврди дека во подрумот на бомбардираниот магацин за оружје на Ал Каеда во источниот дел на Алепо минатата година пронашол документи од фабриката за минофрлачи...