Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација. Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“ блок 10. 

Вицепремиерот Османи се надева на консензус за стратешките прашања

Продолжението од лидерската средба во потесен состав е закажано за в понеделник во 9 часот и се надевам дека ќе најдеме решение за стратешките прашања, што е во интерес на сите граѓани, бидејќи дури 75 отсто од нив се за членство во НАТО и ЕУ. Ова го изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи по средбата со...

По две децении, Еритреја назначи амбасадор во Етиопија

Еритреја го назначи својот прв амбасадор во соседна Етиопија по две децении. Таа функција ќе ја извршува Семере Русом, актуелнен министер за образование и поранешен амбасадор во САД, соопшти преку Твитер министерот за информирање Јејмане Мескел. Поранешните непријатели Етиопија и Еритреја, во последните недели презедоа низа иницијативи, вклучувајќи и официјални посети на нивни високи функционери и обнова на комерцијални летови помеѓу...

Австралија ги одбива сите бродови со мигранти, илјадници луѓе протестираат низ целата земја

Илјадници демонстранти денеска излегоа на улиците во повеќе австралиски градови, барајќи прекин на строгата имиграциска политика, во рамките на која се враќаат сите мигранти кои пристигнуваат по воден пат. Австралија систематски ги одбива бродовите со илегални имигранти, а оние кои успеваат да се „протнат“, ги враќа во прифатните центри на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја или на островот Науру. Таа...

Кочијанчич: Дијалогот Белград – Приштина продолжува во септември

Портпаролката на Европска унија, Маја Коцијанчич изјави дека дијалогот помеѓу претседателот на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе продолжи на почетокот од септември. - На последниот состанок на дијалогот на високополитичко ниво, одржан на 18 јули, чиј домаќин беше високата претставничка, двајцата претседатели го разгледуваа постигнатиот напредок и се договорија повторно да се сретнат на почетокот...

Путин и Макрон разговараа за хуманитарна акција во Сирија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон за заедничка хуманитарна акција во Сирија, посебно во покраина Источна Гута, соопшти Кремљ. Франција вчера испрати 50 тони медицинска помош во Источна Гута, која е под контрола на сириската Влада, откако Русија се согласи да ја олесни доставата. Доставата на хуманитарната помош е во согласност со заедничкиот проект...

Почна Тумороуленд, еден од најпопуларните музички фестивали во светот

Овој викенд, повеќе од 200.000 љубители на музиката, ќе танцуваат и уживаат во првиот дел од од Тумороуленд (Tomorrowland), фестивалот, кој се смета за најпопуларен во светот, а кој трае од 20 до 29 јули во Брум во Белгија. Фестивалот почна синоќа, со настапот на легендарниот Карл Кокс, додека претставники на техното беше холандскиот ди-џеј Јорис Ворн. Изненадување беше настапот...

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија предупреди дека Кина води „тивок вид студена војна" против САД, користејќи ги сите свои ресурси за да се обиде да ги замени САД како водечка сила во светот. Мајкл Колинс од отсекот на ЦИА за Источна Азија, за време на обраќањето на безбедносен форум во Аспен, истакна дека Пекинг не сака да војува, но...

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба во скратен формат, со учество на лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе продолжи в понеделник во девет часот наутро, потврдија од Владата. Премиерот и лидер на СДСМ упати покана до лидерите на ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и Беса за лидерската в понеделник во девет...

„Коштана“ в недела на сцената на Долни Сарај во Охрид

Култниот мјузикл „Коштана“ од Борисав Станковиќ, во музичка адаптација на Влатко Плевнеш, кој се игра веќе десетина години и предизвикува голем интерес, публиката ќе може да го погледне в недела, од 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид. Улогата на Коштана ја толкува пејачката Силвана Мучиќ Плевнеш, а, освен неа, дел од ансамблот се и голем број актери...