Тридневна национална жалост во Грција за жртвите од пожарите
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска прогласи тридневна национална жалост за 50-те жртви од пожарите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас во телевизиското обраќање до јавноста рече дека „не постојат зборови што ќе ги опишат чувствата на сите, а земјата живее неопислива трагедија“.
- Денес Грција жали и во сеќавање на оние што загинаа, прогласуваме тридневна национална жалост. Но,...
Изложба „Мал формат“ во Прилеп
Изложба под наслов „Maл формат“, на која ќе бидат претставени 45 дела, слики и скулптури, од исто толку автори членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ОДЛУМ), ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во галеријата на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Посетителите ќе можат да видат минијатурни дела преку кои уметниците со многу љубов и...
Александар Кирковски сам го искачи Мон Блан од италијанската страна
Македонскиот планинар и планински тркач Александар Кирковски вчера реализираше соло брзинско искачување на највисокиот алпски врв, Мон Блан (4.810 метри) од потешката и подолга италијанска страна. Целиот потфат вклучувајќи ги качувањето до врвот и спуштањето до појдовната точка беше реализиран за 9 часа и 58 минути. За Кирковски ова е шесто искачување на највисокиот алпски врв, а минатото лето...
Колоденко: Беше вистинско уживање да се свири на „Охридско лето“
Младиот руски пијанист во црквата „Света Софија“ настапи сам, а одржа и сонатна вечер со виолинистката Алена Баева
Рускиот пијанист Вадим Колоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, одржа концерт во црквата „Света Софија“ на 21 јули, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
- Неповторливиот и уникатен Колоденко воспостави флуид со...
Заев: Не прифаќаме неодговорни ултиматуми
Многу сме блиску до реализацијата на стратешките цели на Република Македонија – членството во ЕУ и НАТО, и нема да дозволиме процесот да го нарушат или да го доведат во ризик неодговорни ултиматуми. Остануваме посветени до крај да стигнеме до решенија кои ќе овозможат услови за фер референдум во интерес на граѓаните на нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев...
„Осми повереник“ победник на „Бич филм фестивал“
Првото издание на фестивалот одржан на плажата Оревче го покажа богатството на новиот европски филм
Хрватскиот филм „Осми повереник“ на режисерот Иван Салаја доби награда за долгометражен игран филм на првото издание на „Бич филм фестивал“ („Beach Film Festival“), кој од 19 до 22 јули се одржуваше на плажата Оревче во Охрид. Жирито во состав Весна Дамчевска, Јелена Јованова и...
Силувано 14-годишно девојче во Струмица
Четиринаесетгодишно девојче во полициската станица во Струмица пријавило дека било силувано од 17-годишен малолетник.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во полиција на 22 овој месец.
По пријавата, СВР-Струмица во координација со Основното јавно обвинителство-Струмица преземаат мерки за расчистување на случајот.
Тадиќ и Вучиќ со различни толкувања за независноста на Косово
Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, наместо да води сметка за интересите на Србија, јавно и недвосмислено се придружи на ставовите што одат во прилог на лидерите на независно Косово, обвини поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.
Тој во соопштението до јавноста наведе дека Вучиќ отворено им се придружил на претседателот и на премиерот на Косово, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, во...
Села: Алијанса на Албанците ќе има амандмани при отворање на Уставот
Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села смета дека неговата партија е вистинската опозициска партија чиј претставник требаше да присуствува на лидерските средби и да има свој член во ДИК, а не крилото на БЕСА на Билал Касами.
Села денеска на прес-конференцијата во Собранието на РМ најави дека Алијансата на Албанците при отворањето на Уставот ќе има свои...
Убиството на Ивановиќ се користи за политички маркетинг
Косово
По неколкумесечен молк во врска со истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ, од Приштина и од Белград најавија дека имаат некои почетни докази за мотивите и за сторителите на овој злосторнички чин. Поклопувањето на изјавите на двајцата претседатели, на Хашим Тачи и на Александар Вучиќ, се насочени кон меѓусебно обвинување и за политички маркетинг пред својата „публика“.
„Вечерње новости“ пишува...






































