Изложба „Мал формат“ во Прилеп

Изложба под наслов „Maл формат“, на која ќе бидат претставени 45 дела, слики и скулптури, од исто толку автори членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ОДЛУМ), ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во галеријата на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Посетителите ќе можат да видат минијатурни дела преку кои уметниците со многу љубов и трпеливост ја пренесуваат својата инспирација.

– Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика.